Џон Зерзан

Причините и значењето на Првата светска војна

1981

Првата светска војна, според зборовите на Јан Паточка (Jan Patocka): „Тој страшен и во одредена смисла космички настан“,[1] беше вододелница во историјата на Западот и имаше далеку најголемо влијание на нашиот век. Земајќи ги предвид нејзините причини, речиси сета дискусија се однесува на степенот на одговорност на разните влади, во услови на систем на алијанси (имено, тројната Антанта на Англија, Франција и Русија и тројната Алијанса на Австро-Унгарија, Германија и Италија) што, се тврди, морало да резултира со светска војна. Другиот главен фокус е марксистичката теорија на империјализам, којашто тврди дека меѓународниот ривалитет предизвикан од потребата за пазари и извори на суровини ја направил светската војна неизбежна. На внатрешните причини им се има посветено многу малку внимание, а дури и кога внатрешната или општествената динамика биле истражувани, тие истражувања само промовирале повеќе или помалку погрешни претстави.

Генезата на војната овде е проучена во светло на општествените прашања и нивната динамика; се изнесува тезата дека наглото зголемување на заканите упатени кон системот на доминација било прекинато со почетокот на војната, најзначајниот контрареволуционерен удар во модерната светска историја. Доколку во август 1914 вистинското движење доживеало пресврт, јасно е дека вообичаеното укажување (во овој случај на Дебор) кон „длабокиот општествен бунт којшто се појавил со почетокот на Првата светска војна“[2] е погрешно.

Некои набљудувачи, попатно, ја забележале распространетоста на неконтролирано и непредвидливо насилство во Европа пред војната, можеби највоочливиот знак за сенишното незадоволство во едно нестабилното општество. Ова е видливо кај големите нации – како и во многу други региони. На пример, Алеви (Halévy) бил изненаден од генералните штрајкови 1913 во Јужна Африка и Даблин, коишто „толку необично и неочекувано ги пресекоа колонијалните спорови меѓу Англија и Холандија, како и оние меѓу протестантите и католиците во Ирска“.[3] Берган (Berghan) забележува дека Турција и Австро-Унгарија „се загрозени од социјални и национални револуционерни движења“.[4] Сацоношовата (Sazonoz) Reminiscences посочува на ненадејното избивање на бунтови во Константинопол, како и на ерменските радикали од партијата Дашнак, за кои е „тешко да се процени“ дали биле повеќе насочени против Турција или со намера да потстрекнат револцуја дома.[5] Мемоарите на Пјер ван Пасен (Pierre van Paasen) говорат за дезинтеграција на општествениот мир во предвоена Холандија: „Нов дух ја облеа заедницата. Пред сè, пристанишните работници навечер повеќе не се тетеравеа до дома во мали групи или поединечно. Тие маршираа до дома... сите пеејќи, пеејќи дури не им пукнат градите, од што се тресеа и околните прозорци. Што ли ги обзело овие луѓе“?[6]

Наместо анализа на оваа разјаснувачка позадина, започнувањето на војната типично се тривијализира преку насочување на вниманието на убиството на австрискиот принц Франц Фердинанд, а природата и траењето на колежот кој следи лажно се прикажани како ненадеен развој на настаните. Всушност, ниту еден од овие приоди кон толкувањето на значењето на војната не може да издржи некоја построга анализа.

Напротив, српскиот милитант кој го застрелал хабсбуршкиот принц не ја втурнал тукутака Европа во војна; ова може да се согледа пред сè преку фактот дека минале шест недели помеѓу јунскиот атентат и августовските мобилизации. Земан (Zeman) за ова пишува: „Навистина, во сите европски метрополи реакцијата во врска со убиството на наследникот на хабсбуршкиот трон беше млака и се граничеше со рамнодушност. Луѓето обрнуваа малку внимание на тоа; на берзата едвај да беше забележан некој потрес“.[7]

Што се однесува до „изненадувањето“ во врска со должината и водењето на самата војна, мора да се истакне дека рововското војување – заштитниот знак на Првата светска војна - било се само не новина. Употребено 50 години порано во Американската граѓанска војна, во Крим и на Палевна (1877-78), како и во руско-јапонската војна од 1904-1905, воопшто не зачудува што воените власти го предвиделе. Шест томното дело на Иван Блох (Ivan Bloch), Иднината на војната, го истакнува рововското војување и тоталитетот на модерната војна; на таа тема се дискутирало во владејачките кругови уште од 1890-те. Внимателното истражување на записите од тоа време нè води до тезата за војната како потребно празнење на акумулираните тензии, наметнувајќи нејзниот облик и траење да се прилагодат на задачата за задушување на радикалните можности.

Хобхаус (L.T. Hobhouse) сметал дека внатрешните проблеми во Европа постојано се заоструваат, создавајќи неотповиклива ургентност. „Катастрофата од 1914 беше... климаксот на периодот на стрес и тензии“.[8] Слично пишува и Штефан Цвајг (Stefan Zweig) за избувнувањето на војната: „Не можам поинаку да ја објаснам освен преку тој вишок на сила, таа трагична последица на акумулирана внатрешна динамика... којашто сега тежнее насилно да се ослободи.“[9] Размерот и условите на војната морале да бидат еднакви на силата која се борби против општеството, со цел да го потиснат овој предизвик со ужасот и очајот коишто се ширеле од воените полиња заматувајќи го умот на Западот од 20 век.

Зад почетната вредност на војната во промовирање на централизацијата и прифаќање на власта, може да се увиди и една многу поголема цел. Со зборови на Велс (Wells), „сите обиди животот да се направи посреќен и побогат беа насилно спречени и можеби целосно прекинати“.[10] Пред почетокот на четиригодишното убивање, воочлива е желбата и очекувањето за значајна промена, којашто не треба да се меша со буржоаската позитивистичка идеологија, вкочанета и безживотна, која исто така била напаѓана во секојдневниот живот.[11]

Монотоната, униформирана сегашност на индустриското општество, заедно со Веберовото предвидување за сè поголема бирократизација, навистина станувала сè поопиплива. Истовремено, левичарската идеологија делувала сè поизлитено во однос на таквата стварност. Војната донела излез од секојдневниот живот како и од шансата за негово надминување. До 1914, сите еманципаторски визии на марксизмот веќе биле на одумирање; со војната, анархизмот, којшто на Лоренс Лафор (Laurence Lafore) му изгледал „импресивно енергичен“[12], бил исто така разбиен.

Со цел да се испита општата внатрешна криза и средствата со кои таа била успешно отстранета и уништена од Првата светска војна, вниманието ќе го насочиме на неколку земји – започнувајќи, по одреден редослед, со помалку развиенети и завршувајќи со Германија и Англија.

Чинот што го елиминира идниот император на Австро-Унгарија во никој случај не е атипичен: рускиот премиер Столипин беше убиен 1911, шпанскиот премиер Каналехас (Canalejas) во 1912 и грчкиот крал Јоргос во 1913, да наведеме некои поистакнати атентати. Всушност, постојат и неколку обиди врз животите на припадници на кралското семејство Хабсбург во години пред војната, и барем уште еден врз Франц Фердинанд пред оној од озлогласеното летно попладне 1914. Уште повупадливо е што принцот својата посета ја направил на годишнината од Косовската битка, националниот празник на таа немирна земја вазал на Хабсбурговците. Слична провокација би била посетата на некој член на британското кралско семејство на Даблин, да речеме, за време на велигденските празници 1916. Патем, веројатно вреди да се спомене дека општата согласност во врска со ликот од оваа и други балкански драми - младиот националист (или поточно студентот националист), укажува на премногу предвидливо клише. Валијани (Valiani) го забележал оживувањето на анархистички врски и влијанија во Србија и Босна[13], а веќе е докажано дека убиството на Франц Фердинанд не биле само националистички мотивирано. Се разбира, за војна секогаш е потребен добар изговор, особено кога вистинските непријатели на државата се нејзините сопствени граѓани; насилството од Сараево дошло како порачано за разнишаниот режим.

Феудалниот систем на латифундии за управување со земјата, здружен со лихварскиот тип на капитализам, ја обезбедил основата за многу потентна општествена револуционерна динамика којашто ги надвладеала дури и национал-сепаратистичките притисоци во полиглотската империја. Во древната метропола, сè поприсутната малодушност била одраз на изнемоштеноста на власта; лајтмотив на безбројни дела била чудната атмосфера во Виена дека „на нешто навистина му доаѓа крајот“. Хофмансталовата Електра извикува, „Може ли човек да се распаѓа како гнил леш“? Неговата извонредна драма со ист наслов, со својата уништувачка визија е совршен артефакт на империјална Виена. Всушност, драмата е и повеќе од соодветна алегорија за Европа во целина, отсликувајќи ја опсесивната потреба за крвопролевање предизвикана од стравот од смртта.

Како што вели Норман Стоун (Norman Stone), „Официјалните кругови во Австро-Унгарија сметаа дека општ конфликт во Европа е нивната единствена алтернатива на граѓанската војна“.[14] Оттаму, ултиматумот даден на Србија по убиството на Франц Фердинанд, бил само изговор за војна со Русија и повод за општ конфликт. На Србија ѝ беше објавена војна, следена со вклучување и на Русија, и покрај прифаќањето на ултиматумот; оттаму, капитулацијата на Србија, наголемо славена како австриската „брилијантна дипломатска победа“, нема никакво значење. Огромното тежина на внатрешните проблеми на Австрија изискуваа војна и поголема доверба во сопствената најистурена школа на граѓански доблести, Хабсбуршката армија.

Од критично значење за успехот на оваа тактика била организациската хегемонија на масовните марксистички партии над работничката класа. Австриската социјалдемократска партија, најдегенерираната од сета европска левица, всушност била посветена на зачувување на монархијата и на нејзина реорганизација врз федеративни основи.[15]

Веднаш по избивањето на војната, таа беше претставена како неизбежна одбрана од заканувачкиот ѕвер од исток, Русија. Левицата, се разбира, ги даде своите парлементарни гласови во полза на војната и веднаш прогласи воени мерки против запирање на работата и другите облици на непокорност. Иако некои Чеси ги фрлија своите пушки на наредбата да одат во војна против Русија, непријателствата започнале без посериозен отпор.[16] Но, според зборовите на Артур Меј (Arthur May), „нелојалноста и незадоволството меѓу воените регрути“ почнаа да се шират само неколку месеци по „сериозното разгорување“ на воените судири.[17]

Веќе во 1915 нередите за храна станале вообичани, а до крајот на 1916 стигнале и до срцето на Виена. Дневникот на професорот Јосеф Редлих (Josef Redlich) истакнува дека населението изгледало задоволно кога во октомври 1916 премиерот Штурк (Sturgkh) бил застрелан и убиен од еден социјалист одметник. Во меѓувреме, социјалдемократската партија, била целосно посветена на „соработка со сите класи“, и организирала многу мировни собири – не од антивоен карактер, туку со цел да ги запре масите од нарушување на „домашниот мир“.[18]

Со народот истоштен и искрварен од четирите години апокалипса, власта беше зачувана и по колапсот на династијата, благодарение на преостанатите слуги на моќта. Социјалдемократите продолжија да ја играат својата главна улога, заедно со подеднакво антиреволуционерните демохристијани – и владеја со Австрија следните 15 години, соодветствувајќи во многу нешта на поствоениот увод во германскиот националсоцијализам, Вајмарската Република. Во Унгарија, шестмесечното владеење на социјалдемократите беше заменето со бирократско-тоталитарните обиди на Бела Кун и неговата Унгарско Советска Република (со Лукач како Комесар за култура); четирите месеци од овој ленинистички неуспех беа доволни за доаѓање на Хортиевиот режим и 25 години реакција.

Во случајот на Русија, војната не го спречи избувнувањето на револуцијата, но нејзините мамутски пустошења истовремено ја наметнаа деформацијата на истата таа револуција – победата на болшевичкиот проект. Класната структура на руското општество под власт на Романов беше премногу разнишана за да избегне пропаст; Земан, на пример, пишува за „зачудувачката леснотија на колапсот на руската династија“.[19] Но дотогаш невиденото уништување и страдање на милиони борци (и цивили), сами по себе оневозможија целосна и витална револуција.

Австроунгарското објавување војна на малата, словенска Србија му овозможи на Кремљ едвај успешен почетен одговор и општ повик за борба; панславизмот, не царизмот, беше последниот провоен акорд којшто успешно можеше да биде отсвирен од режимот пред умирање. Руската војна со Јапонија беше јасен обид да се насочи внатрешното превирање во помирни, патриотски канали; поразот ја поттикна револуцијата од 1905. Во 1914, единствено победоносна војна можела да понуди надеж за одржување на статус кво. Без војна, „во скоро време“, како што пишува германскиот принц фон Булов, „во Русија ќе избувне револуција, за која постојат сите услови уште од смртта на Александар III во 1894“.[20]

Од 1909, разни меѓународни инциденти и кризи, главно во Северна Африка и на Балканот, редовно избувнуваа и го пренасочуваа вниманието на народот во Европа од растечката општествена криза. На Запад, пак, властите во тој период наголемо биле во дефанзива. Русија не е исклучок: од 1909, ако не и порано, слабеењето на државата видливо се зголемува. Дотогаш сеќавањата на репресалиите после 1905 веќе избледеле, а според Тејлор, „однесувањето на фабричките работници повторно станува револуционерно“.[21] Незадоволствата се зголемуваат уште побрзо како резултат на пореакционерната политика на режимот што уследува по убиството на Столипин во 1911. Кога работниците од рудниците за злато на Лена биле нападнати од војската во април 1912, тој свиреп чин не само што не успеал да ги заплаши угнетените, туку напротив, ги поттикнал работниците од цела Русија на нови побуни.[22] Во двете години пред војната, кривата на социјален немир постојано растела; што значи дека уште една година мир сигурно би довела до уште посериозни немири.

Едмунд Вилсон (Edmund Wilson) забележал дека „во 1913 и 1914 бранот на штрајкови е поголем дури и од оној во 1905“. Пролетта и почетокот на летото 1914, движењето кое особено силно го иницирале нафтените работници од Баку и работничките во фабриките во Санкт Петерсбург, го одвело „пролетаријатот повторно на барикади“.[23] Како што Арно Маер (Arno Mayer) јасно го искажал тоа, „за време на првите седум месеци од 1914, индустриските немири достигнаа невиден интензитет, голем дел од кој е политички и социјално мотовиран“.[24] Оттаму, кога пушките во август загрмеа, тајмингот беше совршен.

Војната за спас на угнетеното и загрозено Словенство, започната со голем ентузијазам, набрзо почнала да ја губи жестината. Мериел Бјуканан (Meriel Buchanan) во биографија на својот татко, британскиот амбасадор во Русија, со жалење забележува „колку краток и кревок беше тој дух на посветеност и саможртвување, колку брзо се вовлекоа сомнежот и очајот, нестрпливоста, заморот и незадоволството“.[25] Често се наведува и тагувањето на државните министри од средината на 1915: „Кутрата Русија! Дури и нејзината војска, која во минатото го тресеше светот со грмотевиците од нејзините победи... испадна дека е составена само од кукавици и дезертери“![26] Со распространетите и масовни штрајкови од јануари и февруари 1916, граѓанскиот мир дефинитивно бил прекинат.

Анархистичката струја ненадејно се издигнува во одреден момент за време на војната, и покрај исцрпувачкиот ефект на огромното крвопролевање и разочарувањето предизвикано од провоениот став на Кропоткин. Ова излегување во пресрет на моќта на државата, нашироко сметано како предавство на принципите, всушност е став кој го споделуваат мнозинството руски анархистички идеолози, особено оние од Москва.[27] Капитулацијата на врвот довела до голем успех на синдикализмот меѓу антиавторитарците, бидејќи тоа била „попрактична“, помалку „утописка“ идеологија. Уште еден момент кој ја ослабнал радикалната перспектива.

Кропоткин - како и Рокер - причината за војната ја наоѓа во битката за пазари и борбата за колонии, игнорирајќи ја, заедно со марксистите, сеприсутната домашна динамика во корист на надворешната, механицистичка етиологија. А неговите неуморни обиди да ги наговори трупите на Антантата да убијат што повеќе од своите противници од Централните сили, потсетува на Маркс и Енгелс, за кои секогаш би можеле да бидете сигурни дека во одредена војна ќе ја поддржат страната на „прогресивната“ држава.

Колапсот на Романовата автократија во март 1917, покажал дека духовната истоштеност на пролетаријатот сè уште не била толкава за на династијата која веќе одамна и поминал рокот да ѝ позајми уште време. Ленин, кој бил изненаден од секое револуционерно избувнување во Русија[28], во средината на 1917 можел да согледа дека дезинтеграцијата на провизорната влада наскоро ќе стане реалност. Неговата победа во таа искривоколчена димензија и подоцнежниот успех на болшевичката контрареволуција е веќе добро позната приказна.

Италија, турбулентна уште од 1890-те и во првата деценија од 20 век, предвоените години ги дочекува во нестабилна состојба. Пропагандата во корист на освојувањето и експанзијата не успева да го одвлече вниманието на потиснатите класи од суштинските прашања; на изборите 1913 само тројца националисти се избрани во парламентот.[29]

Месеците пред војната се обележани со нереди и штрајкови од широки размери, кои на почетокот од тоа лето кулминираат со познатата Црвена недела. За време на анархистичките и републиканските демонстрации, избувнувале насилства на јадранскиот брег; во текот на таа недела од јуни 1914, избувнал генерален штрајк и нереди низ целата земја. Карстен (F.L. Karsten) опишува некои детали: „Во Ромања и Марке, во централна Италија, избиле насилни, револуционерни бунтови. Во многу мали градови биле прогласени републики, а црвеното знаме било издигнато над општината во Болоња. Офицерите биле разоружани; касарните во многу места се нашле под опсада“.[30]

Населението, во сфаќањето и методите, демонстрирало анархично, автономно расположение кое својот одраз го нашло во антивоениот став на целата левица. Во тој момент, синдикалистичкото откритие на митот за нацијата изгледало бескрајно далечно; никој не можел да претпостави, врз основа на некои практични показатели, дека националистичкиот синдикализам ќе се појави само една година подоцна. Преовладувачкото чувство на неутралност го раскинало сојузот на Италија со Австро-Унгарија и Германија, а се сметало дека е премногу опасно да се игра на карта на војната како начин да се избегне онаа класната - барем на некое време.

До пролетта 1915, сите големи европски нации биле веќе повеќе од половина година во војна, а Италија - и покрај спротиставувањето на народот - полека но сигурно чекорела кон истиот тој амбис. Еден пријател на фон Булов во мај изјавува, „како (италијанскиот) министер за внатрешни работи му рекол дека доколку има плебисцит, нема да има војна“.[31] Земан во мај 1915 исто така забележува дека „Рим е на работ од граѓанска војна“.[32] Силите однадвор организираат, со платени демностратори, проинтервенционистички нереди против неутралистите – кои не добиваат полициска заштита и кои трпат огромен притисок од провоениот печат. Ренел Род (Rennell Rod) и останатите кои мислеле дека постои спонтан ентузијазам за војна, биле во голема заблуда.

Во средината на мај, торинските работници објавиле генерален штрајк, додека Социјалистичката партија дебатирала во врска со својот став околу наводно неизбежното учество на Италија во војната. „Сите фабрики беа затворени, сите јавни служби целосно парализирани. Штрајкот беше тотален кај сите категории работници“, според сеќавањата на Марио Монтања (Mario Montagna), цитирани од Џон Камет (John Cammett). Камет продолжува со раскажувањето: „Целата работна сила од градот беше собрана пред Комората за труд, а потоа полека продолжи – непотстрекната од говори – кон Префектурата за да се спротистави на војната“.[33] Уследиле борби, но штрајкот завршил на 19 мај, најмногу заради изолираноста и деморализираноста предизвикани од одбивањето на Партијата да ја поддржи оваа независна иницијатива. Во меѓувреме, „револуционерните“ синдикалисти истапиле како првата секција од италијанската левица која го поддржала влезот во војна, со аргументот дека на реакционерната Австрија не смее да ѝ се дозволи да ја победи прогресивната Франција. На 23 мај, Италија влегува во војна.

Мусолиниевата радикална промена кон десно, овојпат целосна, е симптом на силната фрустрација предизвикана од пасивноста и предавствата на левицата. Дури и младиот Грамши демонстрирал минлива симпатија кон Мусолиниевиот нов провоен став и неговата згаденост од пасивноста која му се наметнувала на пролетаријатот.[34] Кога опозициската идеологија и нејзините водачи почнале да се одрекуваат од движењето, се отворил пат за уште поназадни сили кои ја задушувале класната енегија. Сите патишта кои воделе напред изгледале целосно блокирани, со што останувал сè помал простор за алтернативи надвор од оние на курсот и диктатите на војната.

Џамперо Карочи (Giampero Carocci) е еден од оние кои забележува дека по три и половина години војна, „мнозинството работници и некои селани (особено оние по долината на реката По, во Тоскана и Умбрија)“ сè уште „копнеат по револуција“[35] – но преовладувачкото повоено незадоволство имало плашлив и песимистички карактер.

Окупацијата на фабриките, есента 1920, била вистински израз на состојбата на пролетаријатот, изневерен и блокиран од страна на левицата и измачен од војната. И покрај огромниот размер на освојувања, и индрустријалистите и владата едноставно го оставиле кастрираното движење да оди по својот тек, без интервенција од страна на државата. На почетокот на септември, неговиот наводен триумф предизвикува одредена узбуна. Но сè поистоштените и збунети работници учтиво остануваат во фабриките под контрола на синдикатите и левицата;[36] „комунистичките лидери се воздржуваат од секаква иницијатива“, известува Анџело Тоска (Angelo Tosca).[37] Немирните и уплашени окупанти во тој момент не воочувале ниту начин за проширување на своите акции, ниту пак имале енергија да покренат нови. Окупацијата на буквално целата индустрија на Италија - да не ги споменуваме огромните заземања земја - едноставно изумира, оставајќи зад себе чувство на пораз.[38] Мусолиниевото стапување на власт следи за помалку од две години по ова фијаско.

Ноедамнешните историски анализи, особено онаа на Џејмс Грегор (A. James Gregor), покажаа реална врска меѓу најмилитантниот италијански социјализам -синдикализмот - и фашизмот, со војната како главен начин на транзиција. Кариерата на Мусолини, од активист и главен теоретичар на синдикализмот до активист и архитект на фашизмот, преку Првата светска војна, е само една од врските.[39] Синдикализмот, а потоа националниот синдикализам, ја обезбедил суштинската социјална и економска содржина за превласт на фашизмот. Првата и заедничка црта, но сигурно не и единствената, започнува со општата мобилизација на индустриска основа; според Грегор, фундаментите на почетниот фашизам се „производ на синдикалистичкиот начин на размислување, синдикалистичкиот сентимент и синдикалистичките убедувања.“[40]

На крајот од 19 век, француските социјалисти и анархисти биле проголтани од меинстримот преку контреверзите околу законскиот третман на Драјфус, воен офицер обвинет за шпионажа. Републиканскиот табор прибрал нови елементи, чијашто интеграција отворала нови прашања; во драјфусизмот се препознава раната појава на Народниот фронт, тој припитомен одговор на реакцијата, вистинска или поинаква.

Долговите брзо биле помирени. Токму тоа е мигот кога социјалистот Милеран (Millerand), на запрепастување на побавните, станува првиот од неговиот идеолошки сој кој влегува во владата. Истата онаа влада којашто не многу одамна била осрамотена со неславниот финансиски скандал околу Панамскиот канал и во министер за војна бил и генералот Галифе (Gallifet), касапот на Комуната. Министерот за војна Милеран ќе се покаже како најшовинистичкиот предвоен владин претставник, на кој подоцна ќе му се придружи и неговиот социјалистички колега, Алберт Тома (Albert Thomas), воен министер за муниција.

Не изненадува што таканаречениот ревизионизам довел до национализам, ниту пак што овој курс и неговите изборни методи ги отуѓиле угнетените преку својот суров опортунизам. Всушност, постоеле многу знаци за раширена незаинтересираност за политика; Клеменсовата (Clemenceau) програма за социјална реформа во 17 точки од 1906, на пример, не предизвикала никаква рекација кај народот.[41] Започнува да се појавува акутна криза на Кабинетот, која во одреден дел се должи на фактот дека незадоволните од екстремната левица се повеќе им ја отежнувале соработката на марксистите со левицата од центарот. Орон Ал (Oron Hale) тврди дека движењето на работничката класа се отклонило од парламентаризам кон радикализам во петте години пред 1914.[42] А токму пред овој период Сорел (Sorel), со вообичаена лутина предупредувал: „Насилство на пролетаријатот лишено од секакви критериуми, проценки и опуртунизам може да ги уништи сите наши напори и да ја надвладее социјалистичката дипломатија“.[43]

Но дури и во услови на ортодоксно политичко маневрирање, се појавиле закани по постоечкиот поредок. Поредок, може да се додаде, на чие пропаѓање укажувале постојаните финансиски скандали. Со зачудувачкото убиство на уредникот на Figaro од страна на жената на министерот за финансии во март 1914, таа атмосфера го достигнала својот зенит.

Априлските избори, коишто главно биле насочени кон законот од 1913 година со кој се наложувала тригодишна воена служба, според зборовите на Алфред Кобан (Alfred Cobban) го вратиле „најпацифистичкиот парламент што воопшто некогаш постоеал во земјата“.[44] Законот за регрутација, следејќи го целосниот неуспех на кандидатите националистичката десница, бил целосно отфрлен.

Албрехт-Кар (Albrecht-Carre), Тејлор (Taylor) и други зборуваат за ова одбегнување на милитаризмот во време кога Франција, според фон Булов, „е единствената европска земја во којашто во одредени влијателни кругови, не меѓу народот, е оправдано да се зборува за ’воена треска‘.“[45] Принцот Личновски, германскиот амбасадор во Англија, дава уште поцелосна слика во записот од 27 април од неговиот дневник: тој го опишува смиреното и „длабоко пацифистичко“ расположение на францускиот народ, забележувајќи ги потешкотиите коишто владата ги имала во внатрешните односи.[46]

Изборите од април „докажуваат“, според зборовите на Кобан, „дека дури и покрај постоечката меѓународна тензија, францускиот став бил длабоко пацифистички и неагресивен“.[47] Престедателот Поенкаре во јуни бил приморан да воспостави левичарски режим под водство на Вивијани. Повлекувањето на законот за регрутација бил првиот чекор; но и покрај тоа, радикалните и социјалистички чиновници прифатиле да не вршат притисок во врска со ова прашање во замена за празни ветувања кои се однесувале на гласање за идниот закон за данок на доход, што било очигледно предавство.

Кога во август избувнала воената криза, а Жоарес, водачот на левицата бил убиен од шовинистички фанатик, Вивијани бил тој кој во името на целата левица повикал на национално единство; во тој миг на спонтани антивоени демонстрации, тој објавува дека, „во оваа сериозна ситуација низ којашто минува нашата земја, владата смета на патриотизмот на работничката класа“.

Сè поголемата борбеност на пролетаријатот влевала страв. Додека во 1890-те имали стотици мали, локални штрајкови, во 1913 имало 1.073 во кои учествувале 250.000 работници. Размерот и упорноста на штрајковите создале голема паника, што според Дејвид Томсон (David Thomson) многумина го сфаќале како „симптом на продлабочениот немир и општествените болести“.[48] Штрајкот на поштенските и телеграфските работници во Париз ја довел во прашање лојалноста на државните службеници, додека штрајковите на земјоделските работници често завршувале со немири и палење на куќите на сопствениците на фарми.

Меѓутоа, радикалните тенденции во сферата на трудот не можат во голема мера да бидат припишани на предвоениот синдикализам. Синдикалистичката идеологија се покажала како привлечна во одреден период, како резултат на згрозеноста од догмата на социјалистичката реформа, но - според Стернс (Stearns) и други - не постои позитивна корелација помеѓу синдикалистичкото водство и насилните штрајкови.[49] Всушност, синдикалистичките водачи морале да се борат против насилството и спонтаните штрајкови исто како и сите други брокери на организираниот труд. Синдикатите ја имале истата интегративна функција како и останатите и го манифестирале истиот стремеж кон бирократизирање. Не изненадува што по 1910 сѐ повеќе се зборувало за „криза на синдикализмот“.

Во првата деценија од векот, доктрината на Гистав Ерве (Gustav Hervé) за целосно воено востание против офицерската класа добила многу на популарност. Ели Алеви (Elie Halévy) за тие идеи вели: „иако штотуку зачнати, се раширија како прериски оган низ многу земји надвор од Франција“.[50] Тој додава дека во предвечерјето на војната „сѐ уште беа присутни меѓу војниците на француската војска“.[51]

Ерве, уредник на La Guerra Sociale, повикал на револуција како одговор на мобилизацијата за војна. Но кога дошла војната, социјалистичкиот државник го достигнал врвот на неговата антивоена кариера молејќи да му биде дозволено да служи во војска. Потсетувајќи се на провоениот говор на Вивијани над гробот на Жорес, можеме да го согледаме не само брзото исчезнување на интернационалистичката реторика, туку и колку била плитка сето време. Младите синови на нацијата одмарширале во војна, оставајќи ги зад себе засрамувачките контрадикции на левицата со чувство на олеснување.

Меѓутоа, до крајот од 1916, се претпоставувало дека стапката на дезертерства е 30.000 годишно. Пролетта 1917, општото дезертирање било заменето со отворен бунт, предизвикувајќи голема паника во високата воена команда. На пример, се побуниле цели дивизии од фронтот на Шампањ, повикувајќи на светска револуција, убивање на офицерите и марш на Париз.[52] Но заморот и чувството на бесполезност, предизвикани од огромното воено насилство, кои и долгиот список на конфузии и разочарувања од предвоените години, се здружиле во заеднички фронт со синдикатите и левицата за поддршка на војната и зачувување на класното општество.

Франција била grand mutilée на војната: 1.400.000 мртви, еден на секој 24 жители во земјата. После сето тоа, во Франција не би можела да се случи ниту повоена пародија на револуцијата.

Иако Соединетите држави биле одвоени од европските традиции и услови, сепак во однос на времето кое овде го истражуваме, револуцијата, или нејзиниот приод, била светски феномен. Ако малку скршнеме од главниот пат, забележливо е дека многу карактеристики од предвоена Европа во многу што се однесуваат и на состојбата во Америка.

Хенри Меј (Henry May) воочил дека: „За многу набљудувачи, страста и насилството во годините пред војната изникнуваа на виделина на разни необјасниви начини“.[53] А како и во Европа, организираната идеологија не била подготвена за тој ненадеен пресврт. Припитомената Социјалистичка партија почнала да слабее откако го доживела својот врв во 1912, а IWW (Industrial Workers of the World), синдикалистичката алтернатива, ниту во еден миг не успеала да има значително влијание.

Сојузната комисија за индустриски односи, која заседавала помеѓу 1910 и 1915, заклучила дека синдикализацијата била одговор на насилството, кое според зборовите на Грахам Адамс (Graham Adams), „ претставувало закана по општествената структура“.[54] Оваа препорака, која го следела мислењето дека специфичниот индустриски синдикализам на IWW може да допринесе за стабилизација на капиталистичките односи во Америка, била подеднакво поздравена и од умерените и од радикалните синдикалисти.[55] Всушност, синдикатите спонзорирани од владата воспоставиле контролен апарат на научно управување, во рамки Одборот за воена индустрија, и опстанале доволно долго за да ги администрираат критичните удари врз трите најзначајни повоени штрајкови - оние во индустријата за јаглен, челик и во Сиетл 1919.

Џон Дјуи (John Dewey) предвидел дека војната ќе го воведе „зачетокот на јавната контрола“, и оттаму тоа го бранел како нужен фактор за социјализација.[56] Но, влегувањето во војна на Америка било и повеќе од популарно; Елил заклучил дека учеството на САД „можело да биде наметнато само преку огромниот притисок на рекламирање и сеопшта пропаганда врз човековата психа“.[57]

Земан цитира еден анонимен, но не и атипичен историчар: „Сѐ уште не знаеме, барем не на некое значајно ниво, зошто Вилсон ја донесе судбоносната одлука за влез на САД во Првата светска војна“.[58] Џон Хајам (John Higham) ни дава прифатлив, иако потценет одговор: „Можеби енергичната одбрана на американските права имаше функција... да ја спречи промената и судирот на цели во домашните односи“.[59]

Пред да ги испитаме двете најразвиени земји, Германија и Англија, дел од обемот на предвоеното превирање - и неговата пацификација - можеме да ја согледаме преку еден краток осврт на културните промени.

Стравински, чијашто La Sacre du Printemps буквално го отелотвори ветувањето за ново доба, потсетува дека новата музика, според нејзината композиција и барања, била забележително интернационална.[60] Поточно, помеѓу 1910 и 1914, национализмот се повлекол како влијание од музиката, како што тоа било случај и во другите полиња. Во сликарството, движењето кон чиста апстракција се појавило истовремено и независно во неколку држави во текот на петте години пред војната.[61] Кубизмот, со неговото принципиелно преиспитување на стварноста, бил најзначајниот елемент на модерната школа и далеку најхрабриот до денес - и покрај честите и забавни обвинувања дека бил, со зборови на Роџер Шатук (Roger Shattuck), „џиновска лакрдија на неколкумина полуизгладнетите жители на Монмартр кои пушат хашиш и носат пиштоли“.[62]

Алфред Жариевиот (Alfred Jarry) нихилистички анархизам, особено во неговите драми за Иби,[63] од него направил одред за уништување составен од еден човек, повеќе од една деценија пред појавата на дада. Кај Аполинер, новата слобода и итност во поезијата, особено во француската поезија, се очигледни. Меѓутоа, Аполинер може исто така да биде сфатен како историско-уметничка метафора: достигнувајќи го својот врв од 1912 до 1914, тој се пријавил како доброволец во 1914 и бил ранет во 1916. Ја загубил својата страст и спонтаност, кои биле заменети со патриотизам и чувство на уметничка дисциплина; починал од раната на неговата глава во последниот месец од војната, ноември 1918. Аполинер многу јасно потсетува на состојбата на Џејк во Хемингвејовата Сонцето повторно се раѓа, кастриран од војната.

Кратко пред војната, група млади шахисти, подоцна познати како „хипормодерната школа“, го оживеаја шахот како во практика така и во теорија, најбесрамно илустриран од Брејер (Breyer) „По 1. P-K4, Белиот ги доживува последните болки“.[64] Овој невообичаен случај имал цел да истакне дека во културата, во сите нејзини области, се одвивало активно поместување на границите. „Беше стекната поголема слобода, поголема искреност (во деценијата пред 1914), отколку во претходните 100 години“, се присетува Штефан Цвајг (Stefan Zweig).[65]

Војната на најужасен начин го попречи сиот тој напредок. Првиот воинствен повик на дада во 1916, всушност беше неговиот крај, а модернистичкото движење од 1920-те делуваше како драма започната, изведена и развиена пред војната.

Најзначајните антибуржоаски моменти на футуризмот, од кои, се разбира, сите се предвоени, ја предодредија содржината и стилот на дада (на пр., употребата на подбуцнувачки манифести). Според Флинт (R.W. Flint), „Во повоената дада, футуристичкиот ентузијазам беше пацифизиран, иронизиран и затворен.“.[66]

Шатук споменува „дезинтегриран општествен поредок“ и „анимирана пролетерска суровост“ инспирирана од авангардата.[67] Врските на инспирација и енергија, што е најважно, веројатно потекнувале од другата страна, но сепак самиот однос е валиден.

Во Х.Џ. Велсовата Joan and Peter, младата генерација на работничката класа е опишана како „уморна од постојната општата глупост и бесмисленост “.[68] Ако Пол Рикер (Paul Ricoeur) можел 50 години подоцна да го постави прашањето, „дали помеѓу денешните културни превирања постои нешто што одговарара на фундаменталносто задоволство во сферата на работата?“,[69] неговото прашање исто така совршено се вклопува и во претходниот период. На незадоволството од работата му одело во прилог технолошкиот напредок од 1914-18; „борбата против посебноста“, во насока на целосно стандардизирани средства и задачи, со војната го доби својот конечен, критичен поттик.[70] „Времето на целосна механизација, 1918-1939“, да ја употребиме фразата на Зигфрид Гидон (Siegfried Giedon),[71] започнува тогаш.

Осврнувајќи се повторно на културата, револуцијата на уметнички форми јасно сведочи за општествената криза - иако тоа не значи дека бунтот против владеењето на формите бил ограничен само на таа област.

Греманскиот експресионизам, врвот на предвоениот културен револт, не бил насочен само кон деструктивните конвенции, туку и кон конструирање на „утописки ред, или неред, за кој се верувало дека води кон послободен и побогат живот отколку оној што можел да се најде во развиениот индустриски свет којшто тогаш се доближувал до нова точка од својот развој“, според мислењето на Хилтон Крамер (Hilton Cramer).[72]

Аспирациите и невиноста на овие револуционерни уметници биле сурово уништени од војната. Како резултат на тоа, огорчените експресионистички протести на Џорџ Грос (Georg Grosz) и Ото Дикс (Otto Dix) изразуваат шок и разочарување, исто како и надреалистичките кошмари на Дали. Книжевноста е уште еден пример за тоа: Елиот, Џојс, Паунд, Јеитс и многу други - се чини дека без исклучок претстауваат профети на пропаста и смртта.

Авторитарната држава на благосостојба на Бизмарк во текот на неколкуте децении пред војната, се нашла во состојба која била далеку од сигурна. Скандалот Еуленбург, со својот двегодишен судски процес, внел интриги, уцени и корупција во непосредното опкружување на Кајзерот, предизвикувајќи губење на државниот престиж. Балин, капиталистот од Хамбург, во 1908 одржал говор во владата за „растечката домашна криза“, надевајќи се на намалување на данокот со што таа би можела да се спречи.[73] Веќе во март 1909 била предложена воената алтернатива, кога Линкер, шеф на Воениот кабинет, сметал дека „надворешниот конфликт е пожелен“ со цел нацијата да ги надмине „внатрешните проблеми“.[74]

Принцот фон Булов се присетува на „општото разочарување“, коешто тој го резимира на следниов начин: „Ако во времето на Бизмарк луѓето зборуваа за ’згрозеност од Империјата‘, сега се работи за ’згрозеност од владата‘ - згрозеност којашто секојдневно се зголемува“.[75] Уште позлокобно е следното негово високо ценето мислење, исто така од неговите мемоари: „На крајот од 1912 од Дизелдорф слушнав вести дека Кирдорф (Kirdorf), еден од најголемите индустријалци од Рајна... изјавил дека доколку ова продолжи уште три години, Германија ќе заврши во војна или револуција“.[76]

На крајот од 1913 и почетокот на 1914, арогантните постапки на германските офицери против цивилите во Алзас довеле до „Инцидентите од Заберн“, и поттикнале, со зборовите на Каролин Плејн (Carolyn Playne), „сеопшт бес“.[77] Имено, тоа наишло на големо спротиставување и Рајхстагот изгласал, иако во одреден степен не доволно цврсто, резолуција за недоверба со мнозинство од 293-54. Џејмс Џерард (James Gerard) тоа го согледал како можност за намалување на моќта на владата, пишувајќи дека германскиот народ „бил речиси подготвен да се демилитаризира себеси“.[78]

За Џон Флин (John Flynn), метежот од Заберн само допринел за продлабочување на домашната поларизација којашто веќе вистински ја парализирала земјата. Според него, „Постоеше дух - сè поголем - на спротиставување на тиранските тенденции“.[79] Во овој контекст, недисциплината на воениот брод S.S Vaterland во Охафен пролетта 1914, е подеднакво илустративна. Храбрата и спонтана акција на 1.300-те морнари изнудила итно и безусловно прифаќање на нивните барања, потсетувајќи на бунтот во Бразилската морнарица од крајот на 1910.

Артур Росенберг (Arthur Rosenberg) ја опишал политичката и општествена тензија во Германија како „типична за предреволуционерен период“, заклучувајќи дека без војната во 1914, „конфликтот помеѓу империјалната влада и мнозинството од германската нација би продолжил да се продлабочува до точка на создавање револуционерна состојба“.[80] Канцеларот Бетман-Холвег (Bethmann-Hollweg) на предвечерјето од војната се жалел на отсуството на националистичка решителност во земјата, оценувајќи го тоа како „губење на вредностите“ и „духовна дегенерација“. Жалејќи му се понатаму на својот секретар Рајзлер заради склоноста на владејачката класа „претерано да се грижи за секоја промена на јавното мнение“ , својата воена политика ја објаснувал како нужен „скок кон мрачна и тешка одговорност“.[81]

Истовремено, прилично е јасно дека оваа растечка криза, на која војната ѝ била потребна како средство за смирување, воопшто не била дело на левицата. Безидејноста на социјалдемократите и нивните милиони следбеници била очигледна. Смарт (D.A. Smart) во 1913 пишува за „длабокото чувство на стагнација во партијата“[82]; Шпенглер (Spengler) во уводот за неговото дело Пропаста на западот, ги увидел и претстојната војна и „големата криза... во социјализмот“. Оттаму, воопшто не е неосновано да се тврди дека владејачките кругови стравувале од крах на своите официјални непријатели - сигурно не од самата партија или синдикатот - особено имајќи ја предвид појавата на неконтролирано работничко движење.

Индустрискиот гнев, во пристаништата, на пример, бил во подем и најчесто бил директно напаѓан од синдикатите. Отуѓувањето на членството на синдикатите, коешто ќе биде карактеристично за подоцнежниот период од војната, брзо се развивало: локалните групи се отцепувале од централните конфедерации во индустријата за текстил, бои и метал.[83]

Социјалдемократската партија, во функција на синдикатите, била лојална десна рака на државата; нејзината поддршка на владините даноци ја овозможила воената алтернатива, што кај пролетаријатот предизвикало само цинични коментари. Во 1914, Остин Харисон (Austin Harrison) го кажал тоа на поинаков начин: „Секакви луѓе гласаа за социјалистите; на пример, германските банкари“.[84] Работничката склоност кон „ненадејни, неорганизирани“ штрајкови, којашто збунувала многу коментатори, ја нагласувала таа контрадикција, но и нејзиниот заканувачки карактер.

Во текот на јули, разни партиски водачи се состанале со Бетман-Холвег, за преку него да го уверат прускиот Премиер во поданичката лојалност на левицата: „Нема да има говори за генерален штрајк или саботажи“.[85] Искористувајќи ја социјалистичката традиција за оправдување на војната на напредните сили против помалку развиените како нешто прогресивно, „опозицијата“ и владата се согласиле дека антицаризмот може да биде практичен параван пред јавноста.

Додека ковале планови за зачувување на партиската машинерија, на 4 август социјалдемократите едногласно гласале за поддршка на воените даноци, истовремено издавајќи соопштение во кое се истакнува дека империјализмот неизбежно создава војна и експлицитно отфрлајќи секаква одговорност од нивна страна за војната. Роберт Лукер (Robert Looker) ова соодветно го нарече „знак на политичко и морално банкротство... толку големо што далеку ги надминува злосторствата на поединечните лидери или партии“.[86]

Роза Луксембург на почетокот од 1915 напишала дека тој „колапс е без преседан во целата досегашна историја“.[87] Но интересно е дека таа ја поддржувала војната (оправдувајќи ја со непријателството кон автократска Русија) буквално со години, сѐ додека јавното мислење не не станало мнозински антивоено; слично на тоа, таа не била меѓу водачите на востанието од ноември 1918, коешто ја ослободило од затвор, ниту пак на Спартаковиот бунт, кој неволно го поддржала. Социјалдемократите - и синдикатите - биле заедно со војската одговорни за општото водење на војната. Нивната полициска улога најмногу доаѓала до израз во обидите на сите безбедносни мерки на воените власти да им се наметне сè поизбледнетата аура на „социјализам“, сè со цел да се попречат народните востанија. Роза Луксембруг во 1916 напишала дека „светската војна ги уништи резултатите од 40 годишната работа на европскиот социјализам“,[88] но би било многу поточно да каже дека војната ги открила тие резултати. И како таа улога на допринос и заштита на процесот да не им била доволна, социјалдемократите, како ефикасна државна агенција која ја преживеала војната, крваво ги задушиле јаловите повоени бунтови. Се разбира, патот кон нови ужаси бил целосно отворен. Како што Лукач забележал, „бев сведок на подемот на фашизмот во Германија и многу добро знам дека многу млади луѓе во тоа време го поддржаа фашизмот од чиста омраза кон капиталистичкиот систем“.[89]

Враќајќи се кон мигот на актуелното избувнување на војната, навистина постоела чиста „омраза“ која владеела во 1914. Дел од ова е нихилистичко незадоволство на многумина од владејачката класа. Хана Арент, главно кај оние кои ги споделувале идеологијата и стандардите на буржоазијата, забележила „желба целиот овој свет на лажна сигурност, лажна култура и лажен живот да биде уништен“.[90] Ернст Јунгер со восхит ја истакнувал надежта дека сѐ што е значајно за елитата, сета култура и текстура на животот, ќе исчезнат во една „челична бура“.[91]

На крајот, кога одлуката конечно била донесена, се јавило извесно олеснување. Војната ги опуштила нервите од исцрпувачката тензија предизвикана од неделите чекање - за после тоа, очекувано, да завледаат конфузија и очај.[92]

Во октомври 1914, дневникот на Рудолф Биндунг (Rudolf Bindung), млад коњички офицер, речиси ја содржел буквално целата лекција од војната: „Бескрајно дискредитирање на човештвото... сѐ станува бесчувствително, чисто лудило, ужасна солена шега на народите и нивната историја... Тоа беше крајот на среќниот крај во животот и уметноста“.[93]

Никогаш порано, и никаде повеќе отколку во Англија, моќта - економска, политичка, административна, воена - не достигнала толкав степен на консолидација. Сепак, токму во зенитот нејзините вистински слабости почнале да стануваат видливи преку судирот со непопречената и непредвидлива масовна опозиција која се појавува во Англија, како и во континентална Европа. Постоењето на широко распространет предизвик на кохезијата и интегритетот на националните држави е неспорен.

Веќе ги споменав кризите кои 1909 почнаа да се избиваат пред сѐ во Северна Африка и на Балкано. „Меѓународната ситуација“ започнала сè повеќе да се поклопува со „внатрешните прашања“, за на крај да добие квалитативен додаток потребен да се надмине растечката социјална дисхармонија. Кризата од јули и август 1911 во Агадир во Мароко го илустрира овој развој. За време на штрајкот на морнарите и пристанишните работници, којшто бил одбележан со дотогаш невидено насилство, особено во пристаништата во Ливерпул и Лондон, пристигнувањето на германскиот воен брод Panter во Агадир можност за изразување на големото официјално негодување. Кога железничарските работници се придружиле на штрајкот, била повикана војската и борбата започнала. Домашниот судир бил смирен по итна постапка, благодарение на мароканскиот проблем. Оттогаш, домашната индустриска борба и надворешната криза започнуваат да заоструваат со подеднаков интензитет.

Друга област на бунтување во Англија извирала од стегите на буржоаскиот начин на живот, што може да се увиди преку чудната, физичка жестина која ја следела борбата за права на жените. Лудата одлучност која ја демонстрирале од феминистките во периодот од 1910-1914 - вклучувајќи и судири со полицијата и палење на игралиште за крикет, тркалишта и хотели - секако ги надминувала крајно питомите цели на суфражетките, што било добра причина тоа движење да се согледа како излив на потисната енергија. Свештеникот Џозеф Биби (Joseph Bibby) за суфражетките пишува, „ги палат нашите антички цркви и благородни куќи и одат во нашите уметнички галерии со чекани во своите раце да ги уништуваат вредните уметнички дела“. Чувствувајќи ја оваа експлозија и растечката пролетерска одлучност, Биби во 1915 го поздрави „смирувачкото“ влијание на војната врз овие страсти.[94]

Предвоената Едвардовска епоха била доба на насилство во којашто, според Дeнџерфилд (Dangerfield), „пламенот кој долго тлееше во англискиот дух одеднаш избувна, за на крајот од 1913, од либералната Англија да остане само куп пепел“.[95] Мемоарите на Емануел Шинвел (Emanuel Shinwell) исто така сведочат за ова забрзување на времето: „Незадоволството на масите се рашири; тоа беше одраз на расположението на милиони обични луѓе коишто добија малку или ништо од викторијанското доба на индустриска експанзија и грандиозен империјализам“.[96]

Времето за сеидба од 1914, по својата ферментација и плодност, се чинело повеќе од зрело за зголемените радикални текови. Енсор (R.C.K. Ensor) почувствувал дека непопречената сосредоточеност на домашните проблеми можела да предизвика револуција, особено, смета тој, како одраз на „предвоената губење на рамнотежата во менаџирањето со домашното прашања“.[97]

Општествената и парламентарна криза во врска со самоопределувањето на Ирска - дали треба да се однесува на целата земја или да се изземе Алстер на север - го достигнка својот врв летото 1914. Југот бил подготвен да се бори за обединета Ирска влада, лојалноста на англиската војска била нарушена, а Еванс (R.J. Evans) забележува дека „Британија конечно се соочи со фактот колку е слаба и поделена“.[98]

Колин Крос (Colin Cross) во врска со кризата околу Ирска - како и за индустриското бунтување и суфражетското насилство - пишува: „Ако немаше европската војна летото 1914, Британија можеше многу лесно да западне во... анархија“. Додека ирските работници и селани се приклонувале кон востание, поделената Англија „не била поблизу до граѓанска војна уште од 16-от век“.[99]

Целиот англиски партиски систем почнал да се распаѓа во времето на ирското прашање, при што особено се истакнувала поделбата во армијата. Џејмс Камерон (James Cameron) артикулирано го опишува тој момент: „Од можни непознати места во Британија, од берберите и продавачи на сладолед до дипломатските претставници, во европските Министерства за надворешни работи притигаше пораката: Обединетото Кралство, ако може така да се нарече, е проткаено со поделби; имено, постои голема веројатност да избувне граѓанска војна“.[100]

Харолд Николсон (Harold Nicolson) увидел како последиците од индустриските бунтувања од 1910-1914, со нивниот активен „револуционерен дух“, создаваат вистинска паника меѓу високите класи; овој „постојан работнички немир“ заедно со владејачкиот судир ја довел земјата, според него, „до работ на граѓанска војна“.[101]

Очигледно, класните тензии станувале неподносливи, “преголеми за да можат да бидат вклучени во постоечкиот општествен и светски ситем“, според зборовите на Артур Марвик (Arthur Marwick).[102] Во 1911 Вилијам Арчер (William Archer) претпоставил дека некаква „голема катастрофа би можела да биде нужна за да се изгради новиот светски општествен поредок“.[103] За Англија, како и за секаде, виорот на немирот критично се зголемил во последните четири години доведувајќи до случувањата од средината на летото 1914. „Повикот за граѓанска војна е на усните на моите најодговорни и најтрезвени луѓе“, ги предупредил Џорџ Петтиот учесниците на конференцијата во Бакингамската палата на 21 јули 1914.[104]

Имено, може да се тврди дека со подлабока анализа на ставовите кои ја сочинувале општествената криза, може да се увиди отфрлањето насочено против сета гнилост на модерното организациско посредување.

Главната одредба за социјална заштита, на пример, Законот за национално осигурување од 1911, само ја зголемил незадоволството на работничката класа.[105] А токму овој закон сметал на зајакнувањето на синдикатите, бидејќи единствено синдикатите можеле да ги обезбедат потребните функционери за неговото спроведување. Тоа значело уште поголемо оддалечување од работниците, а поголема блискост меѓу синдикатот и владата. Законот за франшизи од 1912, кој значајно ги проширил правата во таа област, бил дочекана со општа рамнодушност.[106]

Лабуристичката партија, како глас на синдикатите и застапник на социјалната легислатива, исто така немала никакво влијание кај народот; Нејзиниот одбивен бирократски карактер не будел никаков ентузијазам, особено кај младите.

Но големите апетити можат многу добро да се забележат во многуте работнички борби од 1910 па натаму - со нивната насоченост кон палење, пљачкање и насилство, како и со големата доминација на нелегални, спонтани и диви прекинувања на работата. Алеви забележал дека немирот „понекогаш се граничи со анархија“, и бил уверен дека тоа не бил „бунт само против авторитетот на капиталот туку и против дисциплината на синдикатите“[107] - божем синдикалната дисциплина не е суштински елемент во владеењето на капиталот.

Во 1912, синдикализмот и неговиот близок роднина, социјалистичките гилди, привлекувале големо внимание. Но народниот гнев не можел да се задржи во тие рамки, што и не изненадува имајќи предвид дека во нив доминирале синдикални службеници и синдикални структури кои тешко можеле да се разликуваат од оние од другите индустриски синдикати.

Без исклучок, исто како и останатите, војната ги зајакнала и англиските синдикати; но работничките бунтувања успеале да продолжат и покрај сите препреки. На пример, целото лето 1916, било исполнето со многу бунтувања во англиските провинции и по течението на Клајд кон север. Дотогаш, и покрај неповолниот распоред на силите, борбите не биле насочени само против државата и работодавците, туку и против синдикалната администрација. Се укажала потреба од нов облик на посредување кој бил пронајден кај претставниците на погоните; диверзија клучна за зауздување на работниците. Советот на Вајтли, облик на управување (кодетерминација)[108] кој значително ја нагласувал улогата на синдикатите, е уште еден производ на војната насочен против автономијата на пролетаријатот. Парламентарните комитети кои работеле на пронаоѓањето советничка формула препознале дека непрекинатата борба е дело на „недисципилираните“, а не на синдикатите. Тие „сакаа да пронајдат лек за болеста којашто, пред војната, секоја година сѐ повеќе ѝ натежнуваше на индустријата и, како последица на тоа, на целокупната англиска политика“.[109]

Пролетта и летото 1914 формирана е „Тројната алијанса“ помеѓу синдикатите на рударите, транспортните работници и железничарите, наведувајќи многумина да претпостават дека како кулминација на штрајкувачките бранови есента би имало генерален штрајк, доколку не избувнела војната. Оваа теза целосно ги меша официјалните непријатели на доминацијата со оние вистинските.

Вистината е дека штрајковите дефинитивно не биле организирани од синдикалните водачи, артхитектите на Алијансата, туку во секој од поединечните случаи избувнале локално и спонтано. Алијансата, според Филипс (G.A. Phillips), „не се скучила како отстапување под притисок на членството; напротив, таа беше специјално создадена за да ја контролира и дисциплинира таа милитантност“. Синдикалните власти ја изградиле новата структура заради непосредната и итна потреба да го спречат, а не потпомогнат работничкото делување. Во повелбата стоело дека „сите напори во трите секции ќе бидат насочени кон создавање ефективна и целосна контрола над соодветните тела“.[110]

Ако се вратиме на непосредното избувнување на војната, иако секирите веќе започнале да се откопуваат, според Камерон „никој не беше ’за‘ војна, ниту се грижеше да нешто особено да го нагласи тоа, додека мнозинството веднаш и артикулирано ѝ се спротистави“.[111] Реџинал Паунд (Reginal Pound) ја опишува позадината на таквиот исход: „Веројатно за значителен дел од машката популација војната, пред сѐ, им дојде како ослободување од бесцелната работа, еден од најголемите и најопасни извори на незадоволство на цивилизацијата на 20-от век“.[112]

Првата светска војна ја овековечи секојдневната беда на модерниот свет, истакнувајќи ја неговата апотеоза на власта и технологијата најдетално преку контакстот на работата. Карл Зукмаеровото (Carl Zuckmayer) искуство како војник ја сумира универзалната порака на моќта дека сета работа е: „чудовишно здодевна, истоштувачка, нехеројска, механичка од ден за ден војна во којашто ужасот, стравот и смртта се вметнати како отчукувања на часовникот во бескраен индустриски процес“.[113]

Во свет во којшто спектаклот на опозицијата никаде сериозно не го доведува во прашање укинувањето на наемната работа и нејзиниот контекст, овој фронтален напад на нив некогаш бил можен, исто колку што и нужен. Предвоената револуција била разбиена. Потребни беа 50 години за опоравувањето да започне.

 

[1] Jan Patocka, “Wars of the 20th century and 20th Century as War,” Telos 30, (Winter 1976-77), p. 116.

[2] Guy Debor, Society of the Spectacle (Detroit, 1977), теза 97.

[3] Elie Halévy, The Wolrd Crisis of 1914-1918, (Oxford, 1930), p. 17

[4] V. R. Berghan, Germany and the Approach of War in 1914 (New York, 1974), p. 14

[5] S.A. Sazanov, Reminiscences: fateful Years, 1906-1916 (London, 1925), pp. 123, 140.

[6] Pierre van Paasen, Days of our Years (New York, 1946), p. 46.

[7] Z.A.B. Zeman, The Gentleman Negotiators (New York, 1971), p. 46.

[8] L.T. Hobbouse, The World in Conflict (London, 1915), p. 15.

[9] Stefan Zweig, The World of Yesterday (New York, 1943), p. 197.

[10] H.G. Wells, The Salvaging of Civilization (New York, 1922), p. 1.

[11] Оваа општа идеја понекогаш е попатно споменувана, но ретко истражувана или развивана. Дејвид Томсон увидел дека „Воспоставената власт насекаде (до 1914) била постојано предизвикувана, со што бил нанесуван удар во коренот на нивната моќ - предизвикот на масовно спротиставување против безмилосната дисциплина на индустриската урбана цивилизација“, Thomson, Europe since Napoleon (New York, 1962), p. 505.

[12] Laurence Lafore, The Long Fuse: An Interpretation of the Origins of World War I (Philadelphia, 1965) p. 15.

[13] Leo Valiani, The End of Austria-Hungary (New York, 1973).

[14] Norman Stone: „Hungary and the Crisis of 1914“, in Laqueur and Mosse, eds., 1914: The Coming of the First World War (New York, 1970), p. 147.

[15] Peter F. Sugar: „The Nature of the Non-Germanic Societies under Hapsburg Rule“, Slavic Review, XI: I (March 1963), p. 29.

[16] Edward Crankshaw: The Fall of the House of Hapsburg (London, 1963), p. 448.

[17] Arthur J. May: The Hapsburg Monarchy, 1867–1914 (New York, 1968), p. 492.

[18] Bottomore and Goode, eds.: Austro-Marxism (Oxford, 1978), p. 132: Марксистичкиот лидер Макс Адлер (Max Adler) во „Идеологија на војната“ (The Ideology of the War, 1915) предупредуваше дека „класниот став на пролетаријатот никако не ја намалува неговата должност и природна склоност кон одбрана на татковината“.

[19] Zeman, op. cit., p. 146.

[20] Hans von Bulow: Memoirs of Prince, von Bulow, Vol. 3, (London, 1932), p. 148.

[21] Edmund Taylor: The Fall of the Dynasties (Garden City, N.Y., 1963), p. 243.

[22] Edward Crankshaw: The Shadow of the. Winter Palace (London, 1976), pp. 452-453.

[23] Edmund Wilson: To The Finland Station (Garden City, N.Y, 1953), p. 453

[24] Arno Mayer: „Domestic Causes of the First World War“, Brody and Wright, eds., Elements of Political Change (New York, 1967), p. 207.

[25] Meriel Buchanan: Diplomacy and Foreign Courts (London, 1925), p. 169.

[26] Leon Trotsky: The Russian Revolution (Garden City, N.Y, 1959), p. 17.

[27] Paul Avrich: The Russian Anarchists (New York, 1978), pp. 118-119.

[28] Zeman, op. cit., p. 10.

[29] F.L. Carsten: The Rise of Fascism (Berkeley, 1971), p. 20

[30] Ibid., p. 45.

[31] von Bulow, op. cit., p. 254

[32] Zeman, op. cit., p. 10.

[33] John M. Cammett: Antonio Gramsci and the Origins of Italian Communism (Stanford, 1967), p. 36.

[34] Грамши овој став го истакна во својот прв јавно објавен напис, октомври 1914. James Joll: Antonio Gramsci (London, 1977), p. 42.

[35] Giampero Carocci: Italian Fascism (London, 1974), p. 10.

[36] Paolo Spriano: The Occupation of the Factories: Italy 1920 (London, 1975), pp. 74, 76.

[37] Наведено во Spriano, Ibid., p. 77.

[38] Carsten, op. cit., pp. 53-54.

[39] A. James Gregor: The Young Mussolini and the Intellectual Origins of Fascism (Berkeley, 1979).

[40] Gregor: Italian Fascism and Developmental Dictatorship (Princeton, 1979), p. 90.

[41] Oron Hale: The Great Illusion, 1900–1914 (New York, 1971), p. 202

[42] Ibid.

[43] Georges Sorel: Reflections on Violence (New York, 1941), p. 78.

[44] Alfred Cobban: A History of Modem France, Vol. 3 (Middlesex, 1963), p. 104.

[45] von Bulow, op. cit., p. 173.

[46] Prince Lichnowski: Heading for the Abyss (New York, 1928), p. 362.

[47] Cobban, op. cit., p. 102.

[48] David Thomson, Democracy in France Since 1870 (Oxford, 1969), p. 174.

[49] Peter Stearns: Revolutionary Syndicalism and French Labor (Rutgers, 1971), p. 69.

[50] Halevy, op. cit., p. 14.

[51] Ibid., p. 20.

[52] Taylor, op. cit., p. 238.

[53] Henry F. May: The End of American Innocence. (New York, 1959), p. 334.

[54] Graham Adams Jr.: The Age of Industrial Violence, 1910–1915 (New York, 1966), p. xii.

[55] Ibid., p. 219.

[56] Christopher Lasch: The New Radicalism in America, 1889–1963 (New York, 1965), pp. 202-203.

[57] Jacques Ellul: The Technological Society (New York, 1967), pp. 365-366.

[58] Zeman, op.cit., p. 162.

[59] John Higham: Strangers in the Land (New York, 1968), p. 195.

[60] Hale, op. cit., p. 163.

[61] Ibid., p. 153

[62] Roger Shattuck: The Banquet Years (New York, 1967), p. 283.

[63] Ibid., p. 279.

[64] Harry Golumbek: The Game of Chess (London, 1954), p. 222.

[65] Zweig, op. cit., p. 195.

[66] R.W. Flint, ed.: Marinetti (New York, 1972), p. 14.

[67] Shattuck, op. cit., p. 353.

[68] Carolyn E. Playne: The Neuroses of Nations (London, 1925), p. 49.

[69] Paul Ricoeur: History and Truth (Evanston, 1965), p. 213.

[70] David Landes: The Unbound Prometheus (London, 1969), p. 316.

[71] Siegfried Giedion: Mechanization Takes Command (New York, 1969), p. 41.

[72] Hilton Kramer: „German Expressionism“, San Francisco Examiner-Chronicle, October 12, 1980.

[73] Berghahn, op. cit., p. 78.

[74] Ibid., p. 81.

[75] von Bulow, op. cit., p. 103.

[76] Ibid., p. 102.

[77] Playne, op. cit., p. 88.

[78] James Gerard: My Four Years in Germany (New York, 1917), p. 75. Џерард на реакцијата на јавноста на инцидентот во Заберн гледал како на „можеби пресудниот фактор кои заговорниците на стариот германски воен систем ги навел да се определат за европска војна“. (p. 91)

[79] John T. Flynn: As We Go Marching (New York, 1973), p. 81.

[80] Arthur Rosenberg: Imperial Germany (New York, 1970), p. 58.

[81] Gordon Craig: Germany, 1866-1945(New York, 1978), p. 337.

[82] D.A. Smart: Pannekoek and Gorter’s Marxism (New York, 1977), p. 20.

[83] Ibid., p. 21.

[84] Austin Harrison: The Kaiser’s War (London, 1914), p. 197

[85] James Joll: The. Second International (New York, 1956), pp. 166-167,

[86] Robert Looker, ed.: Rosa Luxemburg: Selected Political Writings (New York, 1972), p. 40.

[87] Ibid., p. 197.

[88] Ibid., p. 222.

[89] Theo Pinkus, ed.: Conversations with Lukacs (Cambridge, 1975), p. 148.

[90] Hannah Arendt: Totalitarianism (New York, 1968), p. 26.

[91] Наведено во Arendt, Ibid.

[92] Hannah Hafkesbrink: Unknown Germany: An Inner Chronicle (New Haven, 1948), pp. 30-32.

[93] Reginald Pound: The Lost Generation (New York, 1964), p. 73.

[94] Joseph Bibby: The War, Its Unseen Cause and Some of its Lessons (London, 1915), p. 12.

[95] George Dangerfield: The Strange Death of Liberal England (New York, 1961) p. viii.

[96] Emanuel Shinwell: I’ve Lived Through It All (London, 1973), p. 12.

[97] R.C.K. Ensor: England, 1870–1914 (Oxford, 1936), p. 557.

[98] R.J. Evans: The. Victorian Age. (London, 1950), p. 46.

[99] Colin Cross: The Liberals in Power, 1905–1914 (London, 1963), p. 171.

[100] James Cameron: 1914 (New York, 1959), p. 21.

[101] Harold Nicolson: King George the Fifth (London, 1952), p. 163.

[102] Arthur Marwick: The Deluge: British Society and the. First World War (Boston, 1966), p. 10.

[103] William Archer: The Great Analysis (London, 1911), p. 19.

[104] Zara S. Steiner: Britain and the Origins of the First World War (New York, 1977), p. 153.

[105] Elie Halevy: A History of the English People, 1905–1915 (London, 1934), p. 457.

[106] Ibid., p. 436.

[107] Ibid., pp. 446,451.

[108] Co-determination - систем на индустриско управување во кој работниците учествуваат преку избрани претставници во надзорниот одбор (заб. на прев.).

[109] Elie Halevy: The Era of Tyrannies (Garden City, N.Y., 1965), p. 106.

[110] G. A. Phillips: „The Triple Industrial Alliance in 1914“, Economic History Review, XXIV: 1 (1971), p. 63.

[111] Cameron, op. cit., p. 46.

[112] W. Pound, op. cit., p. 28.

[113] Наведено во Eric J. Leed’s, „Class and Disillusionment in World War I“, Journal of Modern History, 50 (December 1978), p. 691.


John Zerzan, Elements of Refusal, CAL Press 1999 (1st Edition, 1988).
Наслов на оригиналот: "Origins and Meaning of WWI". Првпат објавено во Telos no. 49, есен 1981. Превод: Стефан Симоновски.