Хуан Левадура

Набави револвер!

1921

Набави револвер! Разбра?

Набави револвер. Што порано, тоа подобро. Купи, позајми или укради. Поентата е дека треба да бидеш вооружен. Дали можеби мислиш дека револуција се прави со конфети и балони, како да е карневал? Мислиш дека капиталистите ќе ги предадат полињата и фабриките онака како што своите ќерки ги предаваат на милионерите? Дали си толку наивен да веруваш во можна хармонија помеѓу работниците и газдите? Зар не гледаш како секој ден насекаде во светот – кога работниците бараат некои подобрувања, се појавуваат оловни војници кои носат пушки и бајонети? Зар не виде дека за време на штрајкот на нашите другари возачи на трамваи, се покрена цела армија во заштита на издајниците? Ако тоа се случува поради некои жалби или барања за подобрување, што ќе се случи кога ќе побараме право на земја, живот и слобода. Размисли за тоа.

Набави револвер и научи да го користиш. Направи мета во која ќе пукаш. Нацртај ја главата на Асторкиза (Astorquiza), Зањарту (Zañartu) или Гонзало Булнес (Gonzalo Bulnes) или ако сакаш својата глава. Пукај и потоа пукај уште повеќе. Подготви се за претстојната револуција. Советувај ги своите другари да го направат истото. Оние кои говорат за „мирна еволуција“ и „хармонични решенија“ покрај капиталистичката класа, само те залажуваат. Зар не гледаш дека работниците во Русија, мораа да се вооружат за да ги соборат тираните? Повеќе од 100 години мирно ги трпеше сите видови на понижување, и што доби на крај од своите господари? Бедна колиба во која живееш и за која плаќаш богатство, војни кои гладта и болката ги донесоа до твојот праг, и трошки кои ги добиваш кога ќе побараш малку храна и правда за своето семејство и децата. Тоа, сето тоа е награда за твојот труд и жртва. Увери се.

Набави револвер! Што порано, тоа подобро. Купи, позајми или укради. Поентата е дека треба да бидеш вооружен. Кога работничката класа, свесна и вооружена ќе го побара своето право на живот и слобода, тогаш ќе видиш како владетелите и тираните ќе паднат. Додека како будала, продолжиш да викаш по улиците, молејќи за леб и правда, ќе гледаш како дожд од куршуми паѓа врз твојата глава.

Тоа е сѐ. Набави револвер и советувај ги другите да се подготват за револуција, и ќе видиш повторно раѓање на нова зора во светот. Набави револвер!


crnblok.blogspot.com јануари 2014
Текстот оригинално е објавен во 1921 година, во весникот „El Comunista“ на пекарскиот синдикат од Сантијаго, Чиле, под псевдонимот Хуан Левадура (Huan Levadura). Можно е автор на текстот да е познатиот чилеански анархист Ефраин Плаза Олмедо (Efrain Plaza Olmedo).