Никола Гаи

Сето останато е досада...

Неколку расфрлени размисли за директната акција

2014

Одлучив да ги запишам овие размисли затоа што ми се чини дека последните години и меѓу нас анархистите се зборува мошне малку (... за жал, и многу малку се спроведува во дело...) за директната акција, преферирајќи средби со повеќе или помалку огорчените „маси“.

Искрено се надевам дека Croce Nera [италијанскиот анархистички Црн крст, заб. на прев.] нема да стане збирка на затворски пехови, туку простор во кој ќе се изнесуваат и продлабочуваат, без влакна на јазикот, различни гледишта, прашања кои сметаме дека можат да придонесат кон јакнење на борбата против моќта. Се разбира, директната акција е нешто што треба да се изведе, а не нешто за што треба да се попува. Меѓутоа, уверен сум дека кога секој од нас би појаснил што навистина подразбира под тие зборови, тоа би ни помогнало да го изостриме оружјето со кое ќе ја нападнеме сегашноста.

За да одговорам на прашањето, без да се изгубам во играта на зборови, сакам првин да појаснам што јас подразбирам под тоа.

Протести, делење летоци, „одлучни и значајни“ поворки, торти (бои, плукање итн.) во лице на некој бедник, јајца наполнети со боја и така натаму во истата насока: не можат да се сметаат за директни акции. Свесен сум дека со ваква една листа ќе ги привлечам кон себе стрелите на сите оние кои тврдат дека сите средства се еднакво достојни за борба, дека моето изложување може да изгледа шематско, „милитаристичко“, исполнето со идеи за ефективноста и бла, бла, бла... Но никој, искрено, не може да негира дека во тие моменти, правејќи ги тие нешта, во суштина се намалува нивото на судир и дека постои откажување од неговото проживување.

Верувам дека борбата треба да се живее лежерно, со насмевка на лицето: се работи само за игра, но ништо не е толку сериозно како игра во која влогот е квалитетот на нашиот живот и нашата слобода. Никој не може да оспори дека ускладеноста на мислите и делата треба да биде темелна особина на анархистичкото постоење. Ако сметаме дека е потребно да се уништи овој свет, мораме да делуваме во согласност со тоа; не можеме да користиме колку симпатични толку и наивни средства за да ја замолчиме, залажувајќи ја, нашата свеста гладна за слобода. Треба да се има храброст и да се каже дека директната акција или е деструктивна или не е. Ѕидовите кои нè затвораат нема да се срушат сами од себе, туку само ако се судрат со ударниот бран на нашиот бес. Беспотребно е сега некоја умна глава да потсети дека востанието не е резултат на аритметички збир од напади кои ги извеле анархистите; зборувам за нешто друго. Нашиот живот е прекраток за да го потрошиме на стотици иницијативи насочени кон будење на заспаните маси, со цел да не го пропуштиме „магичниот ден“: само кога конкретно го напаѓаме постоечкото успеваме да зграбиме парче слобода, барем на неколку моменти успеваме да се ослободиме од ланците кои ни ги наметнуваат секојдневието и законите.

Нашата борба треба да биде насилна, бескомпромисна, непосредна и без двоумење; деструктивна директна акција, единственото средство кое би требало да го користиме при соочувањето со она што нè задушува. Но нештата, како што обично бидува во стварноста, се покомплексни; за жал, акцијата сама по себе не е панацеја за сите зла кои го измачуваат нашето движење. Иако сум сосема уверен дека ниеден чин на бунт не може да биде бескорисен или штетен, сепак мислам дека е неопходно да се постави прашањето за проектуалноста од која се раѓа и, пред сè, за значењето кое му го доделува оној кој го остварува. Истото дело може да поприми многу различни значења зависно од тоа дали е изведено како напад или како одбрана. Ќе се обидам да објаснам на конкретен пример. Во Вал Суса [подрачје на северот од Италија каде што веќе со години се води борба против изградба на супербрза железница; заб. на прев.], минатата година, присуствувавме на значително зголемување на бројот на саботажи во борбата против супербрзите возови. Одлично, кога во наканите на личностите кои ги извршиле тие дела би постоела и намера јасно да искажат дека во игра не е само изградбата на една железничка линија, туку нужноста од напад и уништување на целиот техноиндустриски систем кој ја планира истата. Сосема поинаква е приказната ако смислата е она што можеме да го прочитаме во изјавите на no-tav движењето [против изградба на супербрзата железница; заб. на прев.] или, уште полошо, во петтиот број на „Лаванда“, списание уредувано од неколку другари вклучени во борбата. Таквите акции можат да се протолкуваат како последна шанса на еден народ кој веќе ги искористил сите можни (и мировни...) средства на притисок, а да не успеал да ги придобие властодржците. Уверен сум дека таквото толкување го брише секој позитивен и револуционерен аспект на таквите дела, односно упатува на заклучокот дека кога власта би била „поразумна“, поотворена за дијалог, би постоела можност да се „наговори“ на ублажување на своите најкобни аспекти. Директната акција го изразува сиот свој потенцијал на ослободување само кога е замислена како напад. Не го напаѓаме непријателот затоа што гнасењето од неговото последно злодело ни е неподносливо, туку затоа што сакаме да бидеме слободни сега и овде. Не ни се потребни изговори за напад, едноставно не можеме да поднесеме да живееме живот без смисла, како кротки запчаници на овој погубен систем. Ние треба да ги одредуваме деновите на борба, имаме цел еден свет да уништиме, а шансите за пораз на технолошкото чудовиште се намалуваат пропорционално со неговиот развој.

Кога зборуваме за директна акција, зборуваме за нашиот живот затоа што нашето одбивање на постоечкото не е некоја мода, туку нешто многу подлабоко, во што во игра го ставаме целиот наш живот. Затоа навистина ме иритира кога за некоја акција се вели дека тоа било „најмалку што можевме да направиме“. Уверен сум дека воопшто не постои најмалку што може да се направи против нешто што нè задушува, не можеме самите да си наметнеме граници при акција, таа мора да биде неумерена како нашата жед за слобода. Кога ќе се најдеме пред угнетувач, убиец во униформа итн., и ако одлучиме да му го извалкаме костумот со боја, тоа не е најмалку што сме можеле да направиме, туку едноставно она што сме одлучиле да го направиме. Што, веројатно, после низа анализи, наместо да ја зајакне нашата акција само ќе ја ослабе: „луѓето не би нè сфатиле, доволно е само да се направи чекор повеќе од другите, треба да се почне од мали акции кои можат лесно да се репродуцираат“ итн. Се разбира, се работи за идеи кои бараат длабока расправа и се надевам дека ќе постои можност да се вратиме на истите и сериозно да дискутираме за нив; она што сега сакам да го кажам е дека секогаш мораме да целиме да направиме најмногу што способностите ни дозволуваат. Кога делуваме, тоа во основа би требало да го правиме за самите себе и на најодлучен начин. Ние не сме нешто друго во однос на оние кои, на недвојбено авторитарен начин ги нарекуваме „обични луѓе“. Што и да направиме секој може да го повтори тоа, доколку ја поседува нашата желба за уништување на авторитетот. Не треба да бараме маси кои ќе ги увериме во добронамерноста на нашите идеи, туку соучесници кои сакаат да учествуваат во рушењето. Не смееме да се плашиме од нашата омраза, туку да се фрлиме главечки во акција, свесни дека непријателот не се двоуми ни секунда во својата броба против слобода.

Овие зборови не се израз на стремеж кон елаборација на којзнае каква иновативна теоретска анализа, туку резултат на едноставната потреба да се сподели идејата за нужната клучност на деструктивната директна акција во животот на секој револуционерен анархист. Сето ова што го кажав би било навистина очигледно кога не би имало премногу другари кои без навистина никаква револуционерна проектуалност, вртејќи се како чигри, ја трошат својата сила на активизам, низ кој се шири епидемијата на социјалната работа и исчекувањата. А сепак, постои противлек за сето тоа: антисоцијалната борба, неформалната организација, нихилизмот, индивидуализмот, отфрлувањето на повеќе или помалку харизматичните водачи, отфрлувањето на надмоќта на пленумот, комуникацијата преку акција. Треба повторно да почнеме да гледаме што се случува ширум светот, како што анархистите, непријателите на сите граници, отсекогаш правеле низ историјата и ќе забележиме како другарите насекаде експериментираат со нови начини на делување, ослободувајќи се од стегите на таканаречените социјални борби, со цел незауздано да тргнат во напад на постоечкото. Треба повторно да ја откриеме радоста во делувањето, да престанеме да се ограничуваме на потрага по илузорното одобрување на народот; без премногу теоретски маски, нашата цел би требало едноставно да биде: да се уништи она што те уништува. Да се ослободиме од политиката и во нејзиниот антагонистички облик. Треба да биде јасно дека не се бориме за посветла иднина, туку за да живееме овде и сега. Анархијата првенствено треба да биде индивидуална работа која го опфаќа сиот наш живот: мораме да се здружиме, да го распламтуваме и најмалиот пламен кој би можел да го запали полето, да го напаѓаме со сите средства цивилизираниот и технолошки поредок кој системот настојува да ни го наметне. Во таа борба мораме да ги користиме сите оружја кои ги имаме на располагање, а пред сè оние кое се присутни во арсеналот на секоја анархист: волјата и деструктивната директна акција.

Фра Никола од Ферара


„Croce Nera”, нултиот број на списанието на италијанскиот анархистички Црн крст
Наслов на оригиналот: „Tutto il resto è noia... Alcune note sparse sull’azione diretta”.