Никос Романос

Изјава пред судот во Атина на 03 февруари 2014

2014

Целта на оваа изјава е вам и на вашиот суд да ви ги разјаснам намерите.

Делата кои не одат со зборови кои не ја објаснуваат нивната содржина водат до конфузија, додека зборовите кои не се проследени со дела се само празни значења на неутрални блебетења.

Овде стојам како ваш прогласен и непокаен непријател. Не молам за ваша милост и не барам дијалог со вас и вам сличните. Моите вредности се во војна со вашите, затоа секоја реченица која ја изговарам против вас е сечило кое ги распарува маските на вашето лицемерие и ја разоткрива позицијата и улогата на секој од вас.

Напишавте стотици страници акти и непрекинато градите нови случаи за да нѐ закопате со децении во затворите на вашата демократија.

Се подготвувате да ни наметнете „специјални затворски услови“, кои се единствениот потег што недостига од пантеонот на „специјалните постапки“ (затворски преместувања, судења, закони) кои ги создавате за да се борите против нас.

Како што наложуваат едноставните закони на физиката, реакцијата е последица на акцијата.

Надвор од оваа судница, на слободните подрачја, постојат слободни личности, за мене другари, според вас терористи, кои немаат намера да го толерираат нашето истребување без вам и на вашите надредени да им пуштат крв.

Ако сакате, ова можете да го сметате за закана.

Јас сепак верувам дека тоа е само цинична реалност. Секој избор има своја цена. Сметам дека вие, како судии и слуги на законот, можете да се согласите со мене во врска со тоа.

Но, да го погледнеме набрзина вашиот прекрасен свет. Живееме во доба на брзина. Сѐ се движи брзо, непрекинато создавајќи итни состојби. Брзината на историското време е излезена надвор од колосек, информациите и вестите патуваат во милисекунди, технологијата и науката напредуваат со џиновски чекори.

Како последица на тоа, контрадикторностите на модерната цивилизација експлодираат сѐ почесто и почесто. Бројни пожари ги осветлуваат градовите, каде што сѐ изгледа спокојно и се закануваат да предизвикаат хаос во организираниот поредок на системот.

Таквите настани создаваат услови кои им служат на нашите намери. Ние создаваме мостови на комуникација со луѓе зад барикадите, за насилните дела да станат дел од специфичниот политички контекст, за да се отвори перспектива за нивно преминување во битка за анархистичка револуција.

Таму бесот се обединува со свеста.

Таму луѓето, чијашто внатрешност гори со пламенот на слободата, се сретнуваат.

Таму некаде се и отисоците на моето востание.

Анархистичко, затоа што е непријател на секој облик на човечки авторитет, непрекинато затоа што не бара реформа туку уништување, егзистенцијално затоа што преку востанието ние ги изразуваме сите овие прекрасни чувства кои сакаме да ги распространиме низ срцата на бунтовниците.

Освен тоа, квалитетот на животот се мери со мигови и чувства.

Врз основа на овој шематичен опис, би требало да сфатиме дека неизбежното никако не може да се запре. Судирот на нашите светови.

Затоа изјавите како оваа ја имаат токму таа намера, да испратат јасна порака.

Не можете да нѐ потчините, не можете да ја запрете бурата што доаѓа.

Овие времиња бараат размислување, внимателност и неприканата борба со сите средства.

Ни чекор назад!

Уште понасилно против државата и капиталот.

Сила на анархистичките урбани герилци, Никос Мациотис и Пола Роупа, чии глави се уценети.

Сила на сите другари во илегала.

Парите од уцената пикнете си ги во газ!

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА!

Никос Романос


Судскиот процес, започнат 03.02.2014, содржи повеќе случаи. Никос Романос, Јанис Михаилидис и Аргирис Далиос се обвинети за случајот со двете куќи во Волос и Калитеа (обете засолништа на Заговор на Огнените ќелии), Јанис Михаилидис за вооружената пресметка со цајканите во Пефки (инцидентот при кој е уапсен Теофилос Мавропулос), Григорис Сарафудис, Јанис Михаилидис, Димитрис Политис, Аргирис Далиос и Фивос Харисис за грабежот на банката Агротики во Чалџиево (префектура Лерин) и Григорис Сарафудис за грабежот на подружницата на истата банка Агротики во Пиргето (Лариса).