Никос Романос

Ослободувачките патишта на нападот

2014

Текстот кој следува има намера да го продолжи дијалогот во однос на средствата на анархистичкото востание и начините на самоорганизирање; дијалог започнат на една меѓународна анархистичка средба некаде во внатрешноста на Франција и кој сега ќе продолжи од една затворска ќелија во Грција.

Размислувањата изразени овде се мои лични видувања и треба да биде јасно дека заземаат одредена позиција по тоа прашање. Секако дека не е пожелно една позиција да преовладува над другите; она што е важно е тоа како различните, а сепак комплементарни гледишта комуницираат и се поврзуваат меѓусебно. Во лице на непријателот, кој е многу флексибилен во однос на употребата и широката палета на средства и форми на напад, потребата од разновидност во размислувањата и во праксата на анархистите е очигледна. Било која перспектива не смее да биде промовирана догматски, туку како една од многуте можности за напад.

Најпрво мора да зборуваме за самиот концепт на организација – збор често неразбран во анархистичките кругови.

Соочени сме со непријател со многу комплексни и комплицирани функции. Една од карактеристиките кои го прават непријателот толку моќен е постојаниот напредок и организација на социјалната параноја која ја искусуваме денес: технолошка, воена, архитектонска, цивилна, индустриска, економска, научна организација. Секој аспект на ова општество постојано ги коригира своите маани преку интелигентен систем кој има огромен број на слуги.

Соочени со ваквата состојба, оние кои веруваат дека е можно да се борат без организација се во најмала рака наивни.

„Во 1972, свињите мобилизираа 150.000 лица за да ги гонат RAF, ја користеа телевизијата за да го вклучат народот во потрагата, добија интервенција и од државниот канцелар и ги централизираа сите полициски сили во рацете на BKA [Bundeskriminalamt - Федерална полициска управа]; ова јасно покажува дека во тој момент, една група револуционери, по бројност безначајна, беше доволна за да ги стави во движење сите материјални и човечки ресурси на Државата; беше јасно дека монополот на Државата над насилството е материјално ограничен, дека нејзините сили можат да бидат истрошени, дека ако на тактичко ниво империјализмот е ѕвер кој ги јаде луѓето, тогаш на стратешко ниво е хартиен тигар. Ни беше јасно дека од нас зависеше дали репресијата ќе продолжи, но исто така до нас беше и истата да ја згазиме.“ - Улрике Мајнхоф

Можеме да кажеме дека оние кои не се самоорганизираат се под опасност да се претворат во безопасна група која, порано или подоцна, лесно ќе биде асимилирана од отуѓувачките механизми на постоечкото. Ќе ги изгубат борбените карактеристики кои ги прават опасни за непријателот и за нив ќе нема повеќе место на полето на антагонистичката борба.

Спротивно на тоа, оние кои одлучиле да се борат против овој систем ќе мораат да ја организираат нивната омраза со цел да станат ефективни и опасни. Некаде во оваа точка започнува дискусијата за тоа на кои начини да се самоорганизираме, во склад со нашите анархистички вредности.

Дилемата е дали ќе се самоорганизираме преку централна анархистичка организација која ќе биде појдовна точка за анархистичкото движење, или, пак, ќе го сториме тоа на децентрализиран и разгранет начин, преку анархистички групи на афинитет, кои ќе располагаат со политичка автономија, како во поглед на нивните акции, така и во поглед на нивните колективни одлуки.

Во однос на централистичкиот модел на организација ќе зборувам општо и нема да се задржувам на тоа кој и како се одлучил за таа опција овде во Грција.

Ако погледнеме историски, овие две форми на организација отсекогаш постоеле, но никогаш не соработувале. Во Шпанската граѓанска војна, анархистите беа организирани на централно ниво за борба со фашистите, а истото беше случај и со други историски револуционерни обиди. Слично е и со повеќето организации посветени на урбана герилска борба, кои во изминатите декади им пристапуваа на новите другари во контекст на конкретен политички проект, на тој начин целејќи кон зацврстување на самата организација, наместо кон поттикнување на разгранети вооружени напади, при кои автономијата на секој поединец би отворила можности за создавање разновидни хаотични фронтови на напад.

Ваквото посматрање на начините на организирање не треба да ги занемари општествено-политичките услови на тие времиња.

Борците од тоа време ги проучувале своите можности со сопствени аналитички методи, се бореле за слобода и ја платиле цената со сопствениот живот, со тешки затворски казни, со тортури, со затвор во изолација. Оние меѓу нив кои не се откажале од своите вредности, самите можат да си направат критичка оцена на искуствата здобиени со текот на годините, искуства кои очигледно заслужуваат внимателно проучување; но ако се сосредоточиме на тоа, не одиме никаде. Она што е важно е што правиме денес, во епохата во која живееме.

За мене, и централната организација и револуционерниот централизам се духови од минатото кои треба да ги протераме.

Показател за ова е фактот дека сите преостанати централистички анархистички организации просто се сенки на старите славни времиња, наполно се препуштени на реформизам, целосно ги отфрлаат бунтот и директната акција во секојдневниот живот и далеку се од сѐ што се стреми кон борбеност. Одбиваат да ги разберат огромните промени на општествено и политичко ниво, одбиваат да зборуваат за новите граници на современата репресија, за напредокот на науката, за технолошката фашизација, за доминацијата на мултинационалните корпорации, и само се расфрлаат со идеологизирани теории за конфликтот помеѓу трудот и капиталот, користејќи термини напишани пред сто години, во друга ера на капитализмот.

Уште полошо, одбиваат да делуваат, неспособни да разберат дека ако навистина живееја во славното минато кое сакаат да го оживеат, ќе беа апсолутно невлијателни, бидејќи никогаш не сакаат да преземат ризик.

Што се однесува, пак, до револуционерниот централизам во рамки на урбано-герилските групи, иако ги разбирам причините зад таквиот избор, не се согласувам со тоа, бидејќи верувам дека нашата цел не е да чекориме заедно следејќи некаков заеднички проект или програма, туку попрво да ги распрснеме нашите средства и да ги поттикнеме сите да ја бранат сопствената автономија, на тој начин придонесувајќи кон создавање на нови перцепции и можности за зајакнување на полиморфната анархистичка акција.

Затоа ја одбирам неформалната организација, која ја сметам за поквалитетна и поефективна од причини кои подоцна ќе ги објаснам. Основната компонента која ѝ дава автентичност на неформалната организација (и не само неа) е токму директната акција; во спротивно, ние би биле само група шарлатани со дисидентска реторика.

Најважното нешто за еден анархист е одлуката да преземе акција, бидејќи на тој начин индивидуалноста го разбива стравот кој доминацијата го предизвикува кога се работи за револуционерно делување. Кога делуваш, ги надминуваш факторите на инхибиција кои те водат кон неактивност, го земаш својот живот во свои раце и се здобиваш со способноста да влијаеш во поголем или помал степен над околностите кои ти го дефинираат животот. Преземањето акција е еквивалент на одново владеење со животот кој ни бил украден од нас, што ги оформува карактеристиките на едно слободно суштество кое секојдневно се бори да се ослободи од своите окови, од општествените обврски, да ги уништи авторитарните улоги кои му се наметнуваат и да изгради култура која промовира еден нов живот, животот на анархистот востаник, кој му отвара живи рани на современиот свет.

Откако ќе се донесе таа одлука, следува експериментирањето. Анархистите не треба да имаат фиксни позиции; тие постојано се во движење бидејќи во спротивно се доведуваат до самоуништување со идеолошки догматизам. Затоа тие секогаш ги анализираат работите, се критикуваат себеси и го истражуваат колективното искуство за да го приспособат на моменталните историски услови. Ги заледуваат своите срца за да ја издржат болката, а потоа го палат она што преостанало за да ги избришат трагите на нивниот минат „тивок“ живот. Од оваа точка натаму, она што е важно е борбата, но исто така и одмаздата, бидејќи оној кој почувствувал насилство од прва рака и не посакал одмазда, ги заслужува своите страдања.

Да се вратиме на прашањето на практичното експериментирање, односно на акцијата во многу форми, на многу начини и со многу методи.

Верувам дека организирањето на нашите деструктивни копнежи треба да биде изразено преку мрежи на дејствување со висока разноликост, каде секој ќе може да го зборува и прави она што го сака, да се инспирира, да размислува и да делува заедно со нас, или пак да се бори против нас. Една од нашите цели е и да бидеме видливи (во комуникациска смисла), за да може да придонесеме кон максимизирање на општествената поларизација, со цел да фрлиме светло врз сите улоги во авторитарната матрица, и тогаш од огнена критика да преминеме кон критика со оган.

По мое мислење, изјавите за одговорност ѝ даваат значење на акцијата, ја водат до нашите посакувани цели и им ги објаснуваат нашите мотиви и причини на оние кои се заинтересирани за кршење на злиот круг на угнетувањето и за продолжување на офанзивата. Просто и јасно. Во свет на пренатрупаност на општи информации и во ерата на тероризмот на виртуелните бомбардирања, ниедна акција не зборува сама за себе, ако нејзините извршители не ја објаснат.

Високиот степен на разноликост кој го споменав погоре е поврзан со непроменливите востанички називи и со акронимите; за мене, непроменливите називи на востаничките акции се од посебна важност бидејќи, на овој начин, нашите акции се поврзани една со друга и одат подалеку од обичен моментален потрес.

Понатаму, нашиот дискурс добива поголемо значење, бидејќи е поврзан со конзистентноста на нашето дејствување. Така ја добиваме можноста да развиеме стратегии на востаничко дејствување, а нашата генерална логика да биде разбрана, да создаваме референтни точки и да поставуваме предизвици за делување, на тој начин зајакнувајќи ја револуционерната закана и растурајќи го државниот монопол над насилството, затоа што и анархистите ќе си го земат својот дел и ќе го свртат против непријателот.

Што се однесува до употребата на акроними, таа е корисна на сличен начин и на поразбирливо ниво; нивната основна важност е во нивниот придонес кон признавање на отпорот кој се манифестира без никаков центар, туку наспроти тоа, хоризонтално и хаотично во исто време, зависно од изборите на бунтовниците.

Мислам дека постоењето на акронимите е важно и како пропагандно средство. Контраинформациските мрежи ќе бидат медиум помеѓу востаничките групи без разлика дали овие користат акроним или не. Сепак, постоењето на една или повеќе неформални мрежи кои користат одредени акроними и меѓусебно се препознаваат, го подобрува моментумот на акциите, ставајќи ги во еден поцелосен контекст, наместо во нешто фрагментарно, и создава цврста (што се однесува до нејзиното постоење, односно во однос на постојаното дејствување) структура, која во својот корен е анархистичка и востаничка.

Наместо епилог

Веќе е јасно дека во име на „сигурноста на граѓаните“ се создаваат вештачки општествени закани со цел да обезбедат алиби за извршување на најголемите државни злосторства, со создавање на сè поголема пракса на контрола и надѕор и заострување на антитерористичките закони. Сево ова цели кон тоа да им обезбеди сигурност на привилегираните граѓани од развиените земји, додека нивните државнички заштитници масивно и без селекција сејат смрт наоколу.

Затоа се надевам на агресивна состојба во урбаните центри, каде бунтовниците секој ден ќе организираат планови за напад, на тој начин создавајќи асиметрична закана која ќе ги раскине на парченца социјалната кохезија и политичката стабилност и ќе внесе несигурност во центрите за репродукција на капитализмот. Непрекинатото производство на стоките повеќе нема да биде земано здраво за готово, а претставниците на репресијата ќе живеат во страв.

Немаме што да чекаме, затоа да се организираме и да го нападнеме капиталистичкото општество; револуционерните акции ги создаваат објективните услови, ајде да ги зачестиме.

Сила за сите заробени и другари во бегство

Сила за четворицата анархисти од Мексико кои се на штрајк со глад[1]

Никос Романос[2]

Атина, Грција

Октомври 2014

[1] Во времето кога текстот е пишуван, Фернандо Барсенас, Абрахам Кортес Авила, Карлос Лопес Марин и Марио Гонзалес, затворени во разни затвори низ Мексико, сè уште беа на штрајк со глад. Од 17 октомври 2014, другарите го прекинаа штрајкот. На 31 октомври, Марио беше ослободен од затвор. Слобода за сите!

[2] Никос Романос беше уапсен есента 2013 година заедно со уште петмина другари за вооружен грабеж на две банки во Велвендо, Кожани (Грција). На 1 октомври 2014, затворскиот суд во Коридалос, Атина, под обвиненија за вооружен грабеж, поседување огнено оружје и кражба на возило, ги прогласи за виновни сите шестмина обвинети и им ги пресуди следниве казни: Јанис Михаилидис – 16 години и 4 месеци, Никос Романос – 15 години и 10 месеци, Андреас-Димитрис Бурзукос, Фивос Харисис и Аргирис Наталиос – 15 години и 11 месеци, Димитрис Политис – 11 години и 5 месеци. Другарите преземаа одговорност за грабежот, со исклучок на Харисис и Наталиос кои ги негираат обвиненијата. Судот ги ослободи од претходните обвиненија дека се припадници на Заговор на огнените ќелии.
„Како анархисти, изборот за грабеж на банка го сметаме за свесен чин на отпор. Нашата акција немаше за цел трупање на лично богатство. Нападот против храмовите на капиталот е дел од нашата револуционерна активност во целост.“ – Изјава по повод нивното апсење


Објавено во третиот број на Avalanche, ноември 2014, под наслов "Liberating Journeys of Attack".