РадиоАционе-Хрватска

De Profundis Clamavi

2015

Ова не е критика упатена на автокритиката на другарите од Заговор на Огнените ќелии, насловена “De Profundis”. Мене не ме очекуваат долги децении затвор и затоа не е на мене да судам кои методи другарите ќе ги користат за повторно да дојдат до слобода и да се вратат на патиштата на анархистичката урбана герила.

Овој текст би сакала само на момент да го запре непрекинатиот тек на информациите, или подобро на контраинформациите, со цел едно самокритичко размислување.

Бидејќи, и самата водејќи контраинформациски вебсајт, ми се чини дека често се занемарува критиката на текстовите кои се објавуваат/читаат, речиси како да сме новински агенции.

Да не навлегувам премногу во минатото (затоа што сличните примери и не се некој новитет), би започнала со една тема која можеби и не е толку трновита, кога во една изјава за преземање одговорност од 12-29.01.2015, од Грција, прочитав цитат од еден мафијашки бос. Не навлегувам во изборот на лични пријателства и не зборувам за етикетите кои ги наметнува системот (како на пример „криминалци“), но претпоставувајќи дека мафијашката активност и не е толку различна од онаа на просторот на Грција, или бивша Југославија, или Италија, како и претпоставувајќи дека повеќе-помалку сме запознаени со нејзиниот организациски и политичко-економски карактер, потребата во контекстот на анархистичката борба/дела да се внесе слична личност го надминува моето анархистичко сфаќање. Или пак личните пријателства секого претвораат во другар?

Така другар стана и К. Ксирос, член на комунистичка организација. Се разбира, сега кога е објавено дека се работи за поткажувач (мала заграда: како е можно сѐ до денес да не е објавена наведената информација, во овој свет на брза контраинформација?) многумина побрзаа да нагласат како никогаш не му изразиле солидарност во минатото (а оние кои го направиле тоа, молчат). Но, доколку не се работеше за предавник, дали еден комунист би бил другар на анархистите, личност на која треба да ѝ се изрази солидарност и да се поддржи?

Од моја страна, не ми претставуваше проблем, кога ја објавив веста за неуспешниот обид за бегство на Заговор на Огнените ќелии од затвор, да додадам дека RadioAzione Хрватска никогаш нема да изрази солидарност на комунист.

Или денес можеби е доволно да се земе пушка во рака за некој да се смета за другар?

Герилци од сите земји обединете се?

Обединети во борба за меѓународна револуција?

Отпорот на Курдите, Палестинците, Баскијците, латиноамериканските герилци од секој вид, RAF, Action Directe…

Да живее вооружената борба сама по себе?

На кој друг начин инаку би можела да ги објаснам имињата на ќелиите на Неформалната Анархистичка Федерација (нагласувам „анархистичка“ и „неформална“), односно FAI, посветени, на пример, на Мајнхоф од RAF или Хорхе Салдивија од чилеанскиот Патриотски фронт Мануел Родригез (FPMR)?

Се прашувам како тоа другарите, не само оние кои се потпишуваат со имиња на членови на такви организации, или кои се повикуваат на нив во своите текстови, туку и оние кои ги објавуваат/читаат таквите вести, не гледаат во тоа ништо контрадикторно?

Можеби затоа што, простете на незнаењето, е создаден заеднични анархистички-комунистички фронт? Можеби затоа што постојат заеднички точки кои нѐ соединуваат во борбата? Крајната цел?

Бидејќи потребно е Историјата да се повтори за конечно да ја научиме разликата помеѓу авторитарната идеологија и една анархистичка идеја која се стреми кон целосно уништување на постоечкото?

Но ако разликата помеѓу двете тензии е толку голема (барем во моето поимање анархијата е таква), зарем тоа не би требало да се одрази и на анархизмот во практика?

Или можеби заборавивме дека таквите комунистички герилци, на подрачјата каде што имале повеќе „среќа“, допринеле за изградба на комунистичка држава?

И како тогаш можам јас, анархистка, да се повикувам на личности, и/или со нив да се солидаризирам, чија идеологија прогонувала, измачувала и убивала анархисти?

Денес рамо до рамо пред заедничкиот (?) непријател. Утре пред народните судови. Денес заедно како „политички затвореници“. Утре во народните затвори.

Што пак значи тој израз „политички затвореници“, толку чест во анархистичките кругови?

Можеби за да се разликуваат од другите обични затвореници, кои се во затвор заради своите дела, не заради своите идеи?

Но и фашистите/нацистите и исламистите се во затвор заради своите идеи.

Но, со оглед дека јас ги поддржувам моите анархистички другари во затвор заради сродноста со нивните идеи, како можам да се солидаризирам со „политичките затвореници“ воопшто, чии идеи за мене претставуваат непријател?

Да, за моето индивидуалистичко-анархистичко Јас, комунистите (и ним сродните), антиавторитарните, антифашистите (затоа што не се изјаснувам ниту како антиавторитарна ниту како антифашист, затоа што „анархист“ во себе ги содржи сите тие и други „анти“, а за оној кој чувствува потреба да се означува со такви полупоими очигледно е дека анархијата му е преслободна), се исти непријатели како и фашистите/нацистите, демократите, верниците итн., како сѐ што претставува препрека кон остварувањето на моите идеи, мојот слободен живот.

И сите тие комунисти, фашисти/нацисти, верници, демократи итн., имаат еден единствен заеднички непријател: анархистите.

Значи, или својата солидарност ќе ја изразам за сите затвореници воопшто, од очигледната причина што се наоѓаат во затвор, или само со сродните анархисти затвореници.

Но никогаш со „политичките затвореници“.

Згора, не се ли можеби токму анархистите против етикетирање, како внатре така и надвор од затворот?

Една очигледна и јасна(?) работа: не е делото само по себе она што ме прави сродна со некого, туку идејата која го придвижува тоа дело.

Инаку следната директна акција ќе можеме да ја потпишеме како ќелијата „Маргерита Кагол“[1]/FAI.

RadioAzione [Croazia]

[1] Една од оснивачките на Црвените Бригади, загинува 1985 год. во вооружен судир со полицијата.


Оригиналот: anarhija.info