Заговор на Огнените ќелии

Бог е мртов

Зборови на солидарност на Заговор на Oгнените ќелии со Моника и Франциско

2013

Во контекст на повикот за меѓународна солидарност со Франциско Солар и Моника Кабаљеро, кои шпанската држава ги обвини за поставување запаливи направи во една црква, сакавме да споделиме неколку размисли, без одреден редослед, во врска со тиранијата на боговите.

„Никогаш повеќе добри, никогаш повеќе медиокритетски верници во медиокритетски бог, печатната грешка на човечкото битие. Го чекаме воскреснувањето на живите…“.

(извадок од изјавата на ЗОЌ за поставувањето четири запаливи направи во четири цркви, април 2009)

Цркви подигнати како страшила за да го застрашуваат животот. Сѐ што е убаво, страствено, бунтовно и неистражено, се осудува како грев. Животот е исполнет со забрани, а сервилноста се воспева. Добро е што постојат цркви, бидејќи нѐ потсетуваат дека религијата го убива животот.

Бог кој го создадоа е вечниот диктатор. Го надгледува секој момент од нашиот живот за подоцна безмилосно да ни суди. Ниту нашите тајни не се наши. Неговата љубов е вооружена со закани за вечната казна, вперени против оние кои се осмелуваат да ги доведат во прашање неговите заповеди. Добро е што постојат цркви, затоа што нѐ потсетуваат дека нивниот бог е злобен фашист. Свештениците се клерикални офицери на божјата диктатура. Потривијални и построги од самиот нивен бог. Скржавци, измамници, лицемери и педофили…

Соработуваат со политичари, со претприемачи и со војската, благословувајќи ги во раскошни одаи со своите златни распетија. Добро е што постојат цркви, затоа што ја откриваат гнилоста на нивните славеници на миси.

Верниците се стадо без сопствена волја, кои ритмично се крстат под будното око на бог. Колку крстовите се поголеми, толку се полицемерни. Толпата верници е како мноштвото робови во арените на антички Рим. „Здраво господe, осудените те поздравуваат…“. Каејќи се и со грижа на совест, одбиваат сѐ што е различно, секој престап и секое задоволство кое не се поклонува пред нивните икони. Добро е што постојат цркви, затоа што докажуваат дека најголемите царства се темелат на верата на своите поданици.

Христијанството е доктрина на смртта. Ја ветува лагата на вечниот живот за да ја обезвредни сегашноста, сега и овде. Животот што го живееме е само доказ на верата. Невкусна шега на бог за да не доведе во искушение… „Сакај го блискиот“, вели библијата, додека поповите ја сакаат моќта и богатството. Религијата е вносен бизнис. Некогаш постоеле Крстоносни војни, денес црквата поседува претпријатија, банки, телевизиски станици, весници, земја и недвижности. Добро е што постојат цркви, затоа што нѐ потсетуваат дека слободата мора да ги прескокне урнатините и остатоците од нивните храмови.

За Моника и Франциско нѐ поврзуваат солидарноста и анархистичкиот афинитет посилни од секој бог. Постојат и писма. Писма кои излегоа од чилеанските и грчките затвори. Некои стигнаа до одредиштето, а некои се изгубени и никогаш прочитани (во нашиот случај). Така, повеќе или помалку, започна нашиот контакт со Моника, со другарите/другарките од „случајот бомбас“ во Чиле и со бројните други сестри и браќа од акција, затвореници на Моќта. Затоа сѐ што е кажано и сѐ што никогаш не е напишано во ова или она писмо, и понатаму вреди.

Сѐ до ослободувањето на секој/а од нас.

„Се гледаат меѓусебно. Зборовите се непотребни. Освен тоа, од каде би требало да дојдат зборовите кои го достигнуваат врвот на слободата? Времето е замрзнато, тоа беше неговиот момент. Бегството беше испланирано веќе еден месец. Сите потешкотии, грижи, неволји кои судбината ти ги подготвува, сите радости, стравови и соништа, сега треба да се препуштат на трите минути колку што ќе трае нападот. Ја погледна залихата на муниција. Петнаесет куршуми – петнаесет здивови слобода. И уште еден… кога неговиот здив го слушна сопствениот глас кој вели: Одиме… слобода или смрт…“

СИЛА И СОЛИДАРНОСТ ЗА НАШИОТ БРАТ ФРАНЦИСКО СОЛАР И НАШАТА СЕСТРА МОНИКА КАБАЉЕРО

ЦРНАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА НА АНАРХИСТИ СЕ ШИРИ

СОЗДАВАМЕ 10, 100, 1.000 ЌЕЛИИ НА НАПАД


Заговор на Огнените ќелии FAI/IRF

Ќелија на членовите затвореници


П.С. Во средата наутро на 11 декември 2013, другарот Себастијан Оверслуј Сегуел беше убиен од куршумите на еден обезбедувач при обид за грабеж на банка. Подоцна полицијата уапси уште двајца другари, Алфонсо Алвиал Санчез и Хермес Гонзалес Енрикез. Грабежот на банки за анархистите од акција е егзистенцијална и востаничка акција со која ја одбиваат присилата и моралноста на надничарското ропство кое го наметнуваат господарите.


СЛОБОДА ЗА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ АЛФОНСО И ХЕРМЕС

ОДМАЗДА ЗА ДРУГАРОТ СЕБАСТИЈАН