Јас сум заебана. Да. Опасна кучка. Тоа сум јас. Го раскурцав Исус низ пустината. Го наговорив Луцифер да се побуни, а потоа го наговорив Михаел, архангелот, да го протера Луцифер од рајот. Јас сум првиот создавач/уништувач. Ја доев Кали. Ги заразив Евреите со лепра и го предупредив Рамзес за тоа. Ја извлеков Венера за коса од водата и ја натерав да сврши. Ги убив родителите на Ромул и Рем и ги испратив близнаците во дивината. Оставив волчицата да ги одгледа. Ја извајав Шила-на-гиг. Артемида и Дијана научија сè што знаат од мене. Јас сум Црната Атeна.

Бев инспирација за Хомер. Шекспир сè должи на мене. Гете ги заснова Фауст и Ѓаволот на мене. Јас ги упатив Нордијците кон Исланд и им кажав што да напишат во своите саги. Брајам Бору беше мој ученик. Јованка Орлеанка ми беше љубовница. Ержебет Батори и Владимир Дракула ме величаат. Папата Грегориј знаеше кој е газда. Свети Петар се плашеше од моите посети, но најдобро лижеше.

Черчил, Рузвелт, Сталин и Хитлер ми се додворуваа. Иди Амин цвикаше пред мене. Мао, Маркос и Сухарто ми го нудеа нивното првороденче. Кенеди и Никсон ме опсипуваа со подароци. Им реков да се носат и ги оставив на Сем Гианчана. Сем само сакаше да ги ебе оние што ги ебеа Џек и Боби. Мартин и Малколм дојдоа кај мене, ги изебав и ги избркав. Џорџ Валас дојде исто така. Го осакатив копилето.

Џими, Џенис и Џим; Лени, Џон и Фреди. Сите ме бараа. Сите ги изебав и ги оставив тие да го изберат оружјето. Џуди беше толку слатко дете, а исто и Џорџ Ривс и Еди и Нико и Енди и Монтгомери Клифт, душо. Е па, сите ги сјебав. Лиз никогаш нема да се опорави. На Брендан Бехан му го дадов првото пиво. Бротиган и Хемингвеј ми се должници. Сид и Дарби сè уште ме посетуваат, ќе се пукнат и стонираат. Јас бев првиот панкер. Чарли Менсон ме праша како се спелува H E L T E R S K E L T E R. Мерлин Менсон е ништо без мене како негов менаџер. Френк Синатра работеше по мое или воопшто не работеше. Дин Мартин го учукав у гла’а. Мик и Кит, Пејџ и Плант, Тајлер и Пери постојано чукаат на мојата врата. Јас му дадов хероин на Вилијам С. Бароуз и нанишанив со пиштолот за него.

Го испратив Вилхелм Рајх да се бори со НЛО. Го засновав Росвел. Ја користам Area 51 како место за приватен одмор. Хангарот 18 е реплика на мојот подрум за снимање. ЦИА одговара пред мене. Јас ги дизајнирав костумите на Луѓето во црно. Јас на Греј им ја кажав насоката кон Земјата. Јас ги исцртав Наска рамнините. Јас го посрав Стоунхенџ. Круговите во житата се места каде што јас сум мочала. Моите менструации обликуваат лавиринти.

Австралиските Абориџини патуваат во Времето на сништа за да зборуваат со мене. Јас ги научив Маорите да тетовираат. Јас бев првиот ловец на глави. На Велигденските острови има мои портрети. Ги турнав со крајот на мојата рака. Се капам во Ел Њино. Кракатоа беше посткоитален чад. Врвот Фуџи е една од моите цицки, врвот Шаста е другата.

Сите бојни полиња се облеани со мојата менструална крв. Јас сум нуклеарна, биолошка и хемиска. Level 4 е недоволна заштита за мене. Јас ја измислив Жешката зона. Ја измислив еболата од заебанција. ХИВ и Шпанскиот грип ми се хоби. Го имам лекот за рак. Иперитот е слаба копија на она што го има во мојот арсенал. Јас ја напишав книгата за фузија и хидрогенско гориво. Одам до Плутон и назад за онолку време колку што тебе ти треба да поминеш прометна улица.

Ти кажав ли дека сум заебана? Опасна кучка? Ти кажав ли која сум? Јас бев првата Riot-Grrrl. Проповедав моќ на дундата. Светот виси на крајот од ланец кој е поврзан со пирсовите на моите брадавици. Имам ампаланг низ мојот клиторис. Јас ги родив Плејадите, седумте девојки. Серам планети. Во еластичните набори на мојата лабија ги имам закопано сите тајни на универзумот. Сè прекрив со црвена глина. Јас сум Големата експлозија.