10.10.2014

Доколку некогаш се случи нешто со главните сервери, постојат статични mirror сајтови со архивите од библиотеките на сите јазици:

http://mirror.anarhija.net/mk

http://tal.bastardarchive.org/mk

http://theanarchistlibrary.antirep.net/mk

24.01.2016

Објавен е нов торент (2016) кој ги содржи целосните библиотеки (сите текстови во сите различни формати) на македонски, српскохрватски, англиски, руски, шведски, шпански, фински и германски јазик.

Торентот можеш да го преземеш овде.

А ова е магнетниот линк.

25.12.2015

По повеќе од две години постоење и над 120 објавени преводи на анархистички и слободарски текстови, критики, теоретски и идејни анализи, крикови на бунт и отпор, современи размисли, историски записи и класици во анархизмот, македонската верзија на Анархистичката библиотека се консолидираше во континуиран проект кој ја оствари својата првична цел да биде првата сериозна архива на анархистички текстови на македонски јазик и кој прераснува во еден вид референтна точка за сите оние бунтовни духови за кои слободата е иманентна категорија на светот кој го создаваат.

Во меѓувреме сајтот претрпе одредени модификации, визуелни и позадински, како и разни технички подобрувања.

Текстовите може слободно да се преземаат, додаваат и коригираат без потреба од регистрирање, а секој нов текст се прегледува и одобрува од библиотекарите.

Имај на ум дека секој текст во библиотеката може автоматски да се конвертира во epub формат погоден за читање на мобилните уреди, како и во PDF формат подготвен за печатење брошури и памфлети, а тука е и опцијата за креирање збирка од текстови по избор.

Доколку некогаш се случи нешто со главните сервери, постојат статични mirror сајтови со архивите од библиотеките на сите јазици:

http://mirror.anarhisticka-biblioteka.net/

http://mirror.anarhija.net

http://tal.bastardarchive.org/

Последни записи

Loading...