Наслов: Отворено писмо до анархистичкото и антиавторитарното движење
Датум: 2003
Забелешки: Писмо со кое всушност се означува создавањето на Неформалната анархистичка организација (FAI - Federacione Anarchico Informale) во декември 2003.

Додека се одвива забрзаната консолидација на ЕУ , присвојувајќи ја сета подлост на политичките, економските, воено-репресивните избори на разните држави, и во очекување на ратификацијата на Европскиот устав кој го потврдува и легитимизира владеењето на ЕУ, започна првата борбена кампања на Неформалната анархистичка федерација. Не можевме да си го ускратиме задоволството на активно критикување на шестмесечното италијанско претседателствување со ЕУ, чијшто крај наближува. Свесни сме дека зад секоја официјална реторика, одлуките кои беа донесени во изминатите месеци ќе значат нови практики на експлоатација и владеење. Во Тврдината Европа, каде што само границите помеѓу угнетувачите и угнетените се бранат со оружје, се спротивставуваме на трговските договори и на милитаризацијата на територијата со слободни договори меѓу оние кои се борат против владеењето, бидејќи сакаме да демонстрираме дека не само што борбата е можна, туку е и апсолутно нужна.

Денес го нападнавме репресивниот апарат кој ја глуми демократската фарса и кој ќе ги воведе новите ликови и институции во новиот европски поредок:

- Разните полициски оддели, кои наскоро ќе бидат поткрепени со Европска војска, освен својата традиционална задача на внатрешно угнетување, за основна мисија го имаат филтрирањето на широките маси сиромашни луѓе кои сакаат да влезат во Тврдината Европа. Всушност, само на работната сила потребна на газдите ѝ е дозволено да влезе, останатите се враќаат назад да бидат експлоатирани во своите земји од кои потекнуваат.

- Затворскиот ситем, кој е сè повеќе пренатрупан и распространет, ја консолидира својата главна улога во угнетувањето. Тој е последниот бастион на одбрана на системот, онаму каде што изгладнувачките плати и последните остатоци од системот за социјална грижа не се доволни да го апсорбираат гневот на угнетените.

- Бирократите и политичарите секогаш се подготвени да испланираат и промовираат секако прилагодување кое служи да се одржи системот во живот. Акциите изведени денес, како и оние што ќе следуваат, се испланирани да се избегне можноста од повреда на невини луѓе. Ќе продолжиме да ја демонстрираме нашата длабока омраза кон државата и капиталот и нашата незауздана љубов за свет ослободен од власта на човек над човека и на човекот над природата. Не сме единствените, ниту последните. На секоја улица, дење и ноќе, гледаме како расте деструктивно-конструктивната тензија за подобар свет. Бевме во Џенова, бевме во Солун, сношти бевме на италијанските улици, а утре ќе бидеме на нови улици водејќи борба со мизеријата на постоечкото.

Напад и уништување на одговорните за угнетување и експлоатација!

Напад и уништување на затворите, банките, судовите и полициските станици!

Бунтот е заразен и може да се репродуцира!

Општествена војна против капиталот и државата!

Кои сме ние

Ја создадовме Неформалната анархистичка федерација, односно федерација составена од групи за акција или од поединци, со цел да се надминат ограничувањата имплицитни на поединечните проекти и да се експериментира со вистинските потенцијали на неформалната организација. Цврсто веруваме дека само хаотична и хоризонтална организација, без шефови, авторитети или централни комитети кои носат одлуки, може да ја задоволи нашата потреба за слобода овде и сега. Нашата цел е да имаме организација која ќе ги одразува гледиштата на анархистичкото општество за кое се бориме. Таа треба да претставува инструмент, а не копија на некаква стара вооружена партија или организација која бара експерти. Доколку не е инструмент кој се користи за тестирање на ефикасноста на неформалната организација и нејзиниот капацитет на зајакнување на квалитетот и континуитетот на револуционерното делување, таа би била апсолутно бескорисна и сигурно би изумрела. Преку широко распространетите акции можно е да се помират организацијата и теоретско/практичната дебата од една страна и анонимноста и групите/поединците од друга страна. Всушност, акциите освен што ја истакнуваат својата порака на уништување/создавање, исто така предлагаат и други пораки, како што се оние имплицирани во нивните методи и инструменти. Во овој случај, предизвиканата штета не е важна. Свесни сме дека револуцијата нема да биде поттикната од добро вооружена малцинска група, а одлучни сме да не го одложуваме нашето востание чекајќи сите да бидат подготвени: сè повеќе сме убедени дека едноставна директна акција против институциите е поефективна од илјадници зборови.

Федерација заради нејзината широко распространета хоризонтална структура, односно федерација од групи или поединци, слободни и еднакви мажи и жени поврзани заедно од заеднички практики на напад против власта и свесни дека заемната поддршка и револуционерната солидарност се инструменти на слобода. Односите во федерацијата се истовремено стабилни и флексибилни; тие постојано еволуираат благодарение на идеите и практиките изнесени од нови поединци и групи кои се придружуваат. Не сакаме никаква демократска федерација, бидејќи тоа вклучува претставници, делегати, официјални средби, комитети и органи кои подразбираат избор на лидери, харизматични ликови и наметнување на специјалистите говорници. Во неформалната федерација, комуникацијата мора да се заснова на хоризонтална и анонимна дебата, која ќе произлезе од практиката (изјави за напади) и од ширењето на теории преку средствата за комуникација на движењето. Со други зборови, состаноците ќе бидат заменети со анонимна и хоризонтална дебата меѓу групи и поединци кои комуницираат преку практика. Федерацијата е нашата сила, односно силата на групите и поединците кои меѓусебно си помагаат преку јасно дефиниран пакт за заемна солидарност.

Анархистичка затоа што сакаме уништување на капиталот и државата. Сакаме свет каде што „доминираат“ само слободата и самоорганизираноста, и општество каде што експлоатацијата на човек над човека и на човекот над природата не постои. Силно се спротивставуваме на секој марксистички канцер, кој не е ништо повеќе од привлечна и опасна сирена која тврди дека се залага за слобода на угнетените, но всушност ја одрекува секоја можност за слободно општество и само една власт заменува со друга.

Неформална затоа што не веруваме во авангарда ниту пак сметаме дека ние сме некое просветлено активно малцинство. Само сакаме овде и сега да живееме како анархисти и затоа неформалната организација ја сметаме за единствениот вид организација способна да го спречи создавањето на авторитарни и бирократски механизми. Ни дозволува да ја зачуваме нашата незавиност како поединци и/или групи и да се спротивставиме на моќта со континуитет. Неформалната анархистичка организација практикува вооружена борба, но ги отфрла класичните монолитски организации го подразбираат база, редовни и нередовни членови, чети, извршни кадри, големи суми пари и живот во криење. Мислиме дека таквиот вид структури се лесна мета за власта. Всушност, доволно е инфилтриран полицаец или доушник за целата организација или голем дел од неа да се сруши како кула од карти. Спротивно на тоа, бидејќи неформалната организација е составена од 1000 поединци или групи кои не се познаваат едни со други (со оглед дека се препознаваат меѓусебно преку акциите кои ги изведуваат и заедничката поддршка која ги поврзува), доколку во некој несреќен случај се појават инфилтратори или доушници, тоа би влијаело на една група без да се рашири на другите. Освен тоа, оној што учествува во неформалната организација е милитант само кога подготвува или изведува акција. Оттаму, организацијата не влијае на целиот живот и проектите на другарите, така што се избегнуваат сите видови на секташтво на вооружената борба. Штом фатиме корени, властите тешко ќе можат да нè уништат.

Пактот за заемна поддршка е значаен елемент на Анархистичката неформална организација и се темели на клучни точки кои произлегуваат од погоре споменатиот анархистички проект и кои стапуваат на сцена кога поединци и групи одлучуваат да се придружат на Анархистичката неформална организација.

1. Револуционерна солидарност

Секоја акциска група во Анархистичката неформална организација демонстрира револуционерна солидарност со другарите кои се уапсени или се во илегала. Таа солидарност главно ќе се прикажува преку вооружени акции и напад врз луѓете и структурите одговорни за затворањето на другарите. Солидарноста секогаш ќе се практикува како нераздвојна карактеристика на анархистичкиот начин на живот и делување. Се разбира, не зборуваме за правна и техничка поддршка; буржоаското општество нуди доволно адвокати, социјални работници и свештеници, што значи дека револуционерите можат да бидат ангажирани во поинаков вид активности.

2. Револуционерни кампањи

Кога група или поединец започнува револуционерна кампања преку дела и коминикеа поврзани со нив, други групи и поединци во Анархистичката неформална организација ќе се приклучат соодветно на своите методи и време. Секоја група или поединец може да започне борбена кампања врз специфични мети преку една или повеќе акции потпишани од една група или поединец и преку изјави на Федерацијата. Доколку други групи не се согласуваат со кампањата, критиката ќе биде прикажана преку акции и коминикеа кои ќе придонесат за нејзино подобрување или дискутирање.

3. Комуникација меѓу групите или поединците

Акциските групи во Анархистичката неформална организација не мора да се познаваат едни со други. Со тоа ќе се избегне угнетувачите да ги нападнат, како и појава на евентуални лидери или бирократи. Комуникацијата меѓу групите или поединците се одвива преку акции и преку канали на движењето без тие непосредно да се познаваат едни со други.

П.С. Секоја сличност со FAI Федерацијата на италијански транспортни работници (Federazione Autotrasportatori Italiani), со FAI Италијанската анархистичка федерација (Federazione Anarchica Italiana) и со FAI Италијанскиот фонд за животна средина (Fondo Italiano per l’Ambiente) е чиста случајност. Се извинуваме на засегнатите.