За две години, ова е четвртото судење против ЗОЌ. Го имавме судењето за случајот Халандри, за пакет-бомбите, за 250-те напади, а сега и судењето за „Проектот Феникс“.

Очигледно е дека сето тоа е одраз на бесот и одмаздата на власта против нас, со оглед дека сме притегнати во едно судско менгеме со непрекинатите судења. Судења во кои сме обвинувани по два-трипати за истиот „прекршок“.

Меѓутоа, ова судење е карактеристично по она што му претходеше. Ова е судење за герилските операции на „Проектот Феникс“, извршени додека ние веќе бевме затвореници во државните затвори. Се разбира, ова не е првпат за време на нашето заробеништво да бидеме соочени со обвиненија за поттикнување. Обвиненија кои немаат никаква логика, дури и според вашата правна култура. Зборувам за одмаздничките прогони против нас, за јавните текстови објавени од затвор, како што се текстовите во солидарност со анархистичкиот сквот Надир, како и текстовите во кои одбиваме да се извиниме и да ја признаеме судската власт. Се разбира, не можеме да го заборавиме и врвот на правните акции против нас, односно бесконечното продолжување на притворот на четворицата наши другари и другарки од Заговор на Огнените ќелии, Герасимос, Јоргос, Олга и Теофилос, кои и покрај надминувањето на пропишаната граница од 18 месеци и понатаму остануваат во заробеништво. Да бидеме поконкретни, Герасимос е во притвор 43 месеци, Јоргос, Олга и Теофилос преку 36 месеци.

Ова не го велиме како осуда за прекршување на нашите демократски права. Вашите права можете слободно да си ги пикнете в газ. Ние не веруваме ниту во вашите закони, ниту во вашата демократија. Освен тоа, тоа е и причината зошто не назначивме адвокати. Но сепак нема да молчиме пред лицемерието на вашата правда.

Важно е конечно халуцинациите да се прекинат. Со или без докази, се покажа дека власта сака физички, морално и политички да ги уништи Заговор на Огнените ќелии, како и оние кои нѐ поддржуваат. Од самиот почеток го избравме предизвикот на животот на анархистичка урбана герила и илјадакратно да му возвратиме на нашиот непријател. Сѐ додека дишеме, Заговор на Огнените ќелии никогаш нема да потпише примирје во војната објавена против државата и против ова општество.

Денеска сме тука во оваа судница затоа што пред една година испративме јавен поздрав до незаробените другари од ЗОЌ, кога бомба го погоди тогашниот директор на затворите. Оние кои поднесоа обвинение за поттикнување против нас, можеби сметале дека тоа ќе нѐ уплаши, дека ќе нѐ замолчи или направи да се повлечеме. Но погрешија. Тоа е причината заради која денес, иако во судница, знаејќи дека она што ќе го кажеме ќе биде објавено и ќе најде начин да стигне од нашите незаробени и прогонувани другари, го повторуваме истото по илјадити пат: „Другари, борбата продолжува. Да создадеме илјада нови јадра и илјада нови напади.“

Нашето присуство овде е заради три главни причини. Првата причина е затоа што не сакаме, во ниту еден случај, да дозволиме правосудството и казнениот закон да ја искриви сликата за Заговор на Огнените ќелии, FAI и „Проектот Феникс“, претставувајќи ги онака како што ним им одговара. Досега, во рамки на „Проектот Феникс“, имаше 13 бомбашки напади и палежи во Грција, Русија, Индонезија, Чиле, Мексико, Германија и Италија. Оттаму, „Проектот Феникс“ е жив доказ дека непрекинатото анархистичко востание ниту е задушено ниту е заробено ниту е осудено. Иако понекогаш се повлекува, тоа повторно се раѓа од својата пепел, како Феникс. Повторното раѓање на урбаното герилско војување во Грција веќе се случи.

Втората причина заради која сме тука е да го поддржиме нашиот другар Андреас Чавдаридис. кој ја презеде одговорноста за испраќањето пакет-бомба на поранешниот шеф на антитерористичката агенција, како дел од „Проектот Феникс“.

Нема да се занимаваме со глупостите за поттикнување за кои сме обвинети. Поттикнувањето подразбира хиерархиска организациска структура и значења како „водачи“, „наредби“, „правила“, кои укажуваат на мафија и организиран криминал. Поттикнувач е мозокот, шефот. Ние сме анархисти, без водачи и следбеници. Андреас е наш соучесник и сојузник во постојаниот злочин на бунтот и анархичната побуна.

Третата причина е да го поддржиме анархистот Спирос Мандилас. Спирос е наш пријател и другар, но нема ништо со Заговор на Огнените ќелии, FAI и „Проектот Феникс“. Со апсењето на Спирос, антитерористичката агенција сакаше да го нападне јавниот анархистички дискурс, препознавајќи го како интегрален дел од борбата на анархистичката урбана герила. На тој начин сакаа да ги изолираат нашите мисли и нашиот говор од јавните процеси, и истовремено да ги заплашат анархистите кои демонстрираат солидарност, докажувајќи дека анархистичкото присуство и поддршка на затворениците од ЗОЌ е доволно за некој да заврши во затвор. Судскиот прогон на Спирос е чисто одмаздољубие, затоа што тој истапи како кохерентен анархист, без да се заплаши и откаже од вредноста на солидарноста, како што направија и многу други…

На крај од оваа изјава, не очекувајте од нас да зборуваме за невиност или вина. Ние не сме ниту невини ниту виновни. Ние сме непријатели на државата, на власта, на општествената машина, на потчинувањето и на доброволното ропство. Ние сме анархисти од практика и вечни непријатели на вашите закони, затвори и судови. Знаеме дека востанието честопати е самотен и тежок пат, но ние го избравме тој пат без оглед колку долго ќе живееме.

СЀ ПРОДОЛЖУВА


Заговор на Огнените ќелии FAI/IRF

Ќелија на затворените членови

04.06.2014