Заговор на Огнените ќелии
Стравот најпрвин се вгнездува во нашата душа, а потоа го ѕида ѕидот на својот затвор
Изјава на Заговор на Огнените ќелии за затворите
Една провокација… Бегството на Кристодулос Ксирос од затвор и неговото враќање на вооружената борба
Бројни лаги… ТВ монолог кој ја опишува внатрешноста на затворот, која изгледа како на филм. „Затвореници кои раководат со нештата во затворот…“
„Членови на ЗОЌ кои им шефуваат на затворските чувари.“
„Терористите слават Нова година и планираат бегство од затворот.“
Непријател… Изградбата на затвор внатре затворот, шифра „затвор од максимална сигурност, Тип Ц“.
Вистината… Сите катанци на светот не можат да ја затворат нашата непоколеблива одлука да останеме непријатели на авторитетот до самиот крај…
1. Пропагандата станува практика
Последните месеци новинарите, како носители на една вистина, следејќи ги наредбите на власта, создадоа атмосфера на страв. Телевизиското сценарио на „вистина“, кое зборува за „терористи жедни за крв“, збогатено со провокативната уцена од четири милиони евра за секој потенцијален доушник кој ќе придонесе за апсење на бараната личност. Зад комуникативниот наплив на лаги, се појави вистината на репресијата.
По пропагандатата следуваат дела
Полициската кампања започна со бројни претреси на домовите на другари и други поединци од анархистичкото движење. Истовремено, терористичката хистерија веќе беше распространета со што тоа беше вистинскиот момент за тестирање на предлогот за изградба на грчкиот Гвантанамо. Гвантанамо кој власта најпрвин сака да го примени на затворот Домокос, потоа на сите затвори и на крај насекаде, на улиците, на градските плоштади, на човечките умови и души. Бидејќи, всушност, тоа е целта.
Бившиот фашистички судија, кој го води Министерството за правда, веќе ги влече конците, целејќи кон согласност или дури аплауз од ТВ публиката.
2. Изолација преку заборав
Затвор од максимална сигурност не значи само повеќе решетки и подебел цемент, кој ќе го крие сонцето. Тоа не е само легален отров кој бавно и непрекинато ги убива животите на затворениците.
Тоа е експеримент на амнезија. Научна постапка, за затворениците да заборават и да бидат заборавени.
Зголемувањето на границата на затворските казни, забраната на излегувања, сензорната изолација преку укинување и намалување на човечките контакти со нашите сакани, цели кон тоа да заборавиме дека постои живот. Живот кој ги надминува ѕидовите на затворскиот двор. Истовремено нѐ закопуваат во цементни гробови со максимална сигурност, сакајќи да нѐ поразат преку заборав.
Поконкретно, сакаат да го затворат искуството на вооружената герила, да го одвојат од стварноста и да го избришат, и како историја и како искуство. А сѐ што е заборавено осудено е да умре…
3. Моќта сака да разделува
На 27 март 2014, затвореникот Илија Карели беше убиен, неколку дена откако со нож избоде затворски чувар.
Карели на смрт го претепаа цајканите и затворските чувари. Тој не е првиот, а нема да биде ниту последниот кој од затвор е пуштен во ковчег. Само што неговиот случај не можеше да биде сокриен зад изговори и лаги.
Затоа што сите знаат дека затворот, на свој начин, е кралство на смртта. Смртта владее со затворот, понекогаш на бавен секојдневен начин преку наркотици и дрога и белите страници на дневникот, а понекогаш во облик на бирократски статистики, недостиг на медицински персонал и безизленоста внатре четирите ѕида.
Истовремено, со затворот владее стравот, заедно со својата соработничка – поделбата. Казната затвор од максимална сигурност ги поделува затворениците. Постојат опасни-непокорни затвореници и послушни, „добри“, подготвени за соработка со управителите и обвинителите. Тоа не е ништо ново, но сега е и официјално. Нацрт законот за затворот од максимална сигурност е јасен. Затвореникот кој со информации ќе помогне при спречувањето „терористички дела“ или при апсењето „терористи“, ќе ужива во милоста на државата, односно ќе биде ослободен и вклучен во програмата за заштита на сведоци. Отровот на сомнеж тече низ затворите. Лакеите имаат нов повод, со оглед дека државата може да ги награди со својата сопствена верзија на „слобода“. Меѓутоа, постои и нешто полошо од лакеите. Новите затвори од максимална сигурност функционираат како дестимулација. Законот е јасен. Ако обвинителот го смета некој затвореник за „опасен“, без оглед на „казненото дело“, тогаш тој автоматски може да биде обележен како затвореник од Тип Ц и преместен во затвор од максимална безбедност.
Што значи тоа помеѓу редови? Дека секој кој бара минимум достоинство внатре затворите, од протести против условите за живот до отпор кон агресивното однесување на стражарите, може да биде обележан како „проблем“. Затоа сега постои складиште за сите непријатни „проблеми“. Тие складишта имаат име… тоа се затворите од максимална сигурност.
На тој начин управителите на затворите се обидуваат да ги удават затворениците во рамнодушност и пасивност. Нема јаже за спасување при ова давење, само разочарувања кои пронаоѓаат засолниште во тишината.
4. Од теорија до практика
Не сакаме анализи кои се цел самите на себеси. Сакаме да ја пробиеме површината на проблемот и да го изнајдеме неговото уништување.
Факт е дека Демократијата е железна тупаница во кадифена ракавица. Сега откако кадифената ракавица е распарталена, остана само железото. На авторитетот како целина му снема ветувања и единственото нешто што му остана се заканите и казните. Над остатоците од потрошувачкиот рај, безначајната среќа, ситната сопственост и поседувањето предмети, се издига Партијата на Законот и Редот. Власта вели, „оние кои не можам да ги измамам, барем ќе ги заплашам…“ И така владее стравот. Заговор на Огнените ќелии јасно ги изнесе своите намери. Одговорот на теророт е терор. Единствениот начин на кој може да се искорени стравот и неговата тиранија е тој да се пренесе на територијата на непријателот. Анархистичката вооружена герила преку автономните ќелии на афинитет, кои понекогаш се сретнуваат внатре неформалната мрежа на FAI, а понекогаш не, е нашиот одговор на авторитетот.
Се разбира, за нас кои живееме на територијата на заробеништвото постојат само неколку избори, а тие често се затворени. Но, во потешкотиите лежи убавината на борбата.
Сѐ додека не го создадеме „нашиот ден“, често се наоѓаме во посредни состојби на борба. Токму како и денес, додека го пишуваме овој текст, се одвиваат протести во речиси сите затвори низ цела Грција против фашистичкиот предлог закон за затвор од Тип Ц (преку одбивање на затворање на пладне, собирање на затворениците и извикување слогани во дворовите, одбивање оброци итн.).
Свесни сме за контрадикторностите кои постојат во протестите внатре затворите. Кажано со едноставни зборови, за нас дури и златниот затвор останува затвор. Ние не сакаме подобрување на условите за живот во затворите, туку уништување на самиот затвор како таков. Посредните борби, се разбира, не можат во целост ниту да ја изразат ниту да ја содржат омразата која ја чувствуваме против затворот. Но, во состојба на заробеништво дури и овие кратки мигови на рудиментарна дестабилизација на нормалното функционирање на затворот можеби се некакви потребни воздишки кои ги одржуваат нашето ветување живо, „дека нашиот ден ќе дојде…“.
5. За… Нова Атлантида
Знаеме дека секојдневно се сретнуваат бројни акции на непокорност, сакајќи да го срушат светот на авторитет. Врз руините на државата и општеството може да се роди нова неистражена територија, не во географрска смисла, туку со неограничена слобода. Во оваа нова Атлантида нема да има ниту сантиметар земја за затвори и крвници. Денес од затворите во Грција испраќаме сила и солидарност на затворените браќа и сестри ширум светот. Особено би сакале да ги споменеме Никола и Алфредо (затворени заради една акција на FAI) во специјалниот оддел на италијанскиот затвор, каде што поштата им ја цензурира и нивните текстови ги запленува полицијата… на мислите.
Другари, ние секогаш сме со вас.
АКЦИЈАТА ГИ ЗАМЕНУВА СОЛЗИТЕ
НИШТО ПОМАЛКУ ОД СЀ
Заговор на Огнените ќелии FAI/FRI
Ќелија на затворените членови
Затворот Коридалос 03.04.2014