1. Тишината не вреди злато

Ја разбиваме тишината. Нашите животи изгледаат како замрзнати производи подготвени за продажба. Живееме во бетонските метрополи на нашата цивилизација, покорно ги извршуваме наредбите на директорите, газдите, претпоставените, работиме како програмирани роботи, го дишеме загадениот воздух на вашите фабрики, талкаме и умираме на брзите автопатишта на вашата стока за широка потрошувачка, веруваме во лажни аватари на богатството, го посакуваме она што рекламите ни наредуваат да го посакуваме, се заљубуваме преку екраните, комуницираме преку тастарутите, се затвораме меѓу ѕидовите и излозите на продавниците, сериски броевите и баркодовите. Доста беше… Се ослободуваме од вашите окови. Свесни сме за фактот дека денес сите зборуваат за проклетството на финансиската криза. Проповедниците на политиката се обидуваат да ги оправдаат бројките, да ја подобрат статистиката, да измислат социјални формули за третман и ветувања за спас.

Меѓутоа, никој не споменува дека економијата, доминацијата на богатството во општествените односи, е достигнување на цивилизацијата на кое нѐ учевте и со кое нѐ храневте сиве овие години.

Во меѓувреме, како никој да не е загрижен за убиството на природата, за измачувањето и убивањето животни и сеопштото уништување на човечкото битие предизвикано од тоталитаризмот на науката и технологијата, на нејзините лабораториски експерименти, нуклеарната енергија, радиоактивните „незгоди“, генетски модифицираните производи, канибализмот на масовната месна индустрија, загадувањето на океаните, хемиското оружје, генетската манипулација, дефорестацијата…

Овојпат повеќе нема да коментираме за тоа. Ние само го создаваме предизвикот. Наскоро повторно јавно ќе проговориме со цел да се отвори дијалог за делување.

Овојпат, ја употребивме алатката на непријателот против него. На цивилизацијата ѝ го дадовме отровот кој го произведува.

2. Саботажа за контаминирање на стоката за масовна потрошувачка. Војна против мултинационалните убијци Кока Кола и Нестле

Една од нашите цели е да ја разнишаме слепата доверба на потрошувачите во производите кои ни ги нудат мултинационалните компании. Им нанесуваме финансиска штета на овие компании, со оглед дека голема количина нивни производи ќе бидат повлечени од пазарот.

Нашата желба за делување е следена од нуждата за стратешко планирање.

Прво размислувавме за директна акција против фабриките во Грција каде што се пакуваат, складираат и дистрибуираат производи на овие мултинационални компании. Меѓутоа, поставување запалива или експлозивна направа немаше да постигне толку силен удар каков што би сакале.

Во недоумица заради тоа, одлучивме да се обидеме со метод кој никогаш претходно не бил применет во Грција. Нашето делување има многу облици и ги применуваме сите достапни мерки и техники на саботажа во нашата борба за целосно ослободување. Затоа одлучивме да изведеме иновативна операција на саботажа која практично ќе ги принуди сите потрошувачи да ги бојкотираат овие производи.

Ќе ги контаминираме производите на овие компании со солна киселина и ќе ги вратиме на рафтовите во супермаркетите. И затоа ги предупредуваме потрошувачите целосно да ги избегнуваат овие производи.

На овој начин провоцираме бојкотирање, не се повикуваме на „чувствителната еколошка свесност“ на потрошувачите туку на решителноста за директна акција. Нашата цел во никој случај не е да повредиме некој кој можеби ќе ги конзумира овие производи за широка потрошувачка, затоа и го објавуваме ова преземање на одговорноста пред да почнеме да ги враќаме производите на рафтовите.

Испративме две коверти, по еден за секој од следните медиуми: првиот е порталот zougla.gr, а другиот е весникот Espresso. Причината заради која избравме мејнстрим медиуми е природата на нашата акција, а не затоа што имаме некакви симпатии кон нив. Добро знаеме дека масовните медиуми се нераздвоен дел од системот против кој се бориме.

Бидејќи нашата цел не е да повредиме некој кој незнаејќи би ги исконзумирал овие производи, за одговорни ги сметаме погоре споменатите медиуми за навременото објавување на нашето видео и целиот наш текст во кој ја преземаме одговорноста без никаква цензура. Инаку самите ќе станат виновници и соучесници во труењето и можната смрт на некој кој не го очекува тоа, и кој би можел да биде жртва на нивниот економски договор да се задоволат мултинационалните компании – нивните големи потрошувачи (спонзорства, реклами). Се разбира, такво нешто нема да биде заборавено и соодветно ќе делуваме против оние одговорни за тоа во медиумите.

Во пакетот кој ви го праќаме има еден УСБ стик и едно шише сок. УСБ стикот го содржи овој текст, како и видеото кое во детали ја прикажува постапката која ја следевме при саботажа на овие производи. Шишето го испраќаме за да се потврди веродостојноста на она што го тврдиме. Идентично е со оние кои ќе ги ставиме на рафтовите и содржи иста количина на солна киселина како и во останатите шишиња. Сите ќе бидат запечатени како нив, заедно со нивните сигурносни капачиња, исто како секој редовен производ на Кока Кола и Нестле. Дадете го шишето на анализа во хемиска лабораторија за да ја проверите веродостојноста на нашето предупредување. Во видеото кое ви го испративме, дигитално ги избришавме сериските броеви од капачињата на Нестле производите, како и други индикатори кои би можеле да им помогнат на компаниите да ги препознаат сериите на контаминираните производи. На тој начин нема да можат да ја ограничат штетата така што ќе ги повлечат само сериите кои ги содржат тие специфични броеви, туку ќе мораат да ги повлечат сите додека трае нашата акција. Четири дена по испраќањето на овие коверти, ќе почнеме да ги ставаме контаминираните производи назад на рафтовите. Нашата акција ќе трае точно 10 дена. Овој временски рок не е случаен. Напротив, ова е периодот кога профитот на овие мултинационални компании го доживува својот врв. Затоа, тие 10 дена ќе вратиме на рафтовите 63 пластични шишиња Кока Кола од 500 мл. и 42 пластични шишиња од 500 мл. Nestea со разни вкусови. Нашата акција ќе биде изведена во градовите Атина и Солун.

Шишињата ќе бидат поставени во разни проздавници кои продаваат вакви производи. Сите шишиња содржат 100 мл. раствор на солна киселина. Избравме солна киселина затоа што во тој сооднос бојата на Кока-кола и Nestea останува непроменета, за разлика од другите супстанции, како хлор итн.

Како што се гледа на видеото, употребивме остар метален предмет за да ги отстраниме капачињата, воедно неоштетувајќи ги. Потоа отстранивме 100 мл. од секој производ и додадовме 100 мл. солна киселина. На крај, внимателно ги вративме капачињата без да ги оштетиме. Контаминиравме Кока-кола и Nestea шишиња без тоа да може да се забележи. Го повторуваме ова за да бидеме јасни. Нашата цел е да се повлечат тие производи од овие компании за времетраењето на нашата акција. Ги повикуваме сите да ги избегнуваат овие производи за да не избегнат опасност по своето здравје. Нашата цел е економска саботажа, а не труење на непознати.

Сега откако јасно ја образложивме и објаснивме нашата акција, ќе одвоиме малку простор да ги објасниме причините зошто ги избравме овие две мултинационални компании.

Факт е дека живееме во информациско доба. Нештата кои сега накратко ќе ги споменеме не се ниту државни тајни ниту некое тајно знаење. Тоа се факти кои секој може да ги дознае преку едноставно пребарување на интернет, каде што можат да се добијат сите овие информации. Она што ни недостига е волјата да се запрашаме себеси за она што се случува околу нас, за тоа како живееме, што има во она што го јадеме и пиеме, што финансираме со нашето трошење. Факт е дека живееме во доба на диктатура на мултинационалните компании. Очигледна е нивната пенетрација во сите апсекти на нашите животи. Без оглед колку различни имиња ни презентираат, факт е дека економските интереси на неколку дузини мултинационални компании го движат светот. Поточно, 10 компании имаат доминантна контрола врз светскиот пазар на храна. Зад илјадниците различни етикети се „кријат“ неколку мултинационални гиганти, кои не само што ги контролираат нашите желби туку исто така и ги создаваат и насочуваат согласно нивните стратегии. Сето ова можеби звучи далечно и студено без безопасната естетика на емотивните документарци и зумираните кадри на изгладнети деца придружени со драматична музика. Но, тоа е вистина.

Да бидеме поконкретни…

3. Смрт во шише

Кока Кола е производ кој за првпат е направен на крајот од 19 век во САД. Од економска гледна точка тоа е највредниот бренд во светот. Компанијата, за комерцијални цели, успеа да создаде стереотип за Дедо Мраз облечен во црвено и тоа е сликата што сите ја имаат на ум. Историјата на компанијата е валкана, а истото се однесува и за сите мултинационални компании. Таа имала одлична соработка со нацистичка Германија и Хитлер, пред почетокот на Втората светска војна таму градела згради.

Исто така, нејзината соработка со режимот на апартхејд во Јужна Африка била одлична, компанијата многу години не покажувала никаков интерес, дури ни како оправдување, за тоа што се случувало таму. Компанијата располага со стотици фабрики ширум светот и, како работодавец, е позната за нечовечкиот третман кон своите вработени. Таа е одговорна за убиствата на борбените синдикалисти во Колумбија и Гватемала. Во Кина, таа соработува со режимот и профитира од присилната работа, користејќи затвореници кои се принудени да работат во рамките на затворите. Згора на тоа, таа е една од дванаесетте загадувачки компании на земјата, кога станува збор за околината и водоносните слоеви. Во Мексико загади големи области со индустриски отпад како и извори на вода кои ги користи домородното население. Во Ел Салвадор 10.000 деца работат на плантажите за да произведат шеќер за производите на Кока Кола. Нејзините фабрики во Индија загадуваат големи ресурси со вода, која населението ја користи за пиење, а истото се случува и во Кенија, додека 1,4 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода. Мултинационалните компании како Кока Кола и Нестле заработуваат 60 милијарди долари продавајќи вода во шишиња. Кока Кола користи генетски модифицирани организми за производство на нејзините продукти. Постојат стотици случаи каде производите кои излегуваат од фабриките на Кока Кола содржат отровни состојки.

Не е случајно што во Грција пред извесно време беа повлечени од продажба 100.000 шишиња со Кока Кола, затоа што содржеле хербициди во големи количини. Уште еден инцидент кој привлече мало медиумско внимание, иако интервенираше јавниот обвинител. Како и да е, уште една серија Кока Кола, која била пакувана во фабриката лоцирана на Крит, исто така беше повлечена заради непознати елементи во шишињата.

Очигледно, една од најголемите мултинационални компании во светот, која обезбедува пари за сите масовни медиуми преку реклами и спонзорства, се грижи овие повлекувања секогаш да се случуваат тајно, за да се избегне лошиот имиџ. Не сме толку наивни да веруваме дека површните извештаи за илјадниците крвави инциденти, кои се испреплетени во историјата на Кока Кола, во целост ќе ја откријат валканата позадина на оваа мултинационална компанија. Ние само иницираме, па секој нека се запраша, што се крие зад најпознатото пластично шише во светот. Колкава човечка и природна експлоатација може да се смести во него…

Нестле е мултинационална компанија, лоцирана во Швајцарија, каде започнува со работа во почетокот на 20 век. Во неа работат околу 330.000 работници и таа е најпрофитабилната компанија во светот. Поседува 450 фабрики во 80 земји и илјадници помали компании, купени минатиот век. Исто така, Нестле е доминантен акционер во Лореал. Таа е најголемата козметичка фирма која е вплеткана во илјадници случаи на тортура и убиства на животни за време на експериментите за „естетска убавина“. Нестле е таргетирана од различни организации, кои ја обвинуваат дека направила едно од најголемите криминални дела од страна на прехранбена компанија. Таа е одговорна за смртта на 1,5 милиони деца во Третиот свет секоја година, заради нејзините комерцијални манипулации и потфати. За некои, ова може да изгледа премногу. Ќе објасниме накратко и во исто време ве упатуваме да ги проверите купиштата релевантни статии на интернет, каде секој може да ги најде трагите. Смртта на овие деца е резултат на систематско обесхрабрување на мајките да ги дојат децата со природно млеко.

Користејќи огромни суми пари, кои се претставени како спонзорства и донации, Нестле „ги убедува“ докторите да го промовираат нивното млеко како замена за природното. Оваа тактика, која се применува во неколку „неразвиени“ земји, резултира со тоа што многу луѓе ги преферираат производите на Нестле, сметајќи ги за побезбедни од мајчиното млеко. Како и да е, во овие земји водните ресурси често се загадени. Според тоа, производите на Нестле се раствораат во вода, која е несоодветна за децата, предизвикувајќи смрт кај многу од нив. Стратегијата која заради профит го експлоатира недостигот од знаење и човечката беда, станува морален извршител на смртта на милиони деца.

И покрај тоа, Нестле е компанија, која официјално користи генетски модифицирани организми, и нивни продукти во САД. Таа е компанија која експлоатира повеќе од 300.000 деца ширум светот, вработувајќи ги да работат на нејзините плантажи за какао. Таа е компанија која зад себе има бројни скандали со храна, како последниот случај, во кој беше пронајдено контаминирано месо од коњи во пакувањата со млеко во Кина, во 2008 година и исто така во скандалот каде беше пронајдена смртоносната бактерија ешерихија коли во производите во САД, во 2009 година. Оваа компанија често користи, како и останатите големи мултинационални компании (Пепси, итн.), HEK 293 (човечки клетки земени од бубрезите на неродените фетуси). SENOMYX, компанија која соработува со Нестле, селективно користи клетки земени од абортирани фетуси, за да создаде изолирани рецептори за вкус и да ги збогати нејзините синтетички и пластични производи. Ова значи дека тие промовираат употреба и потрошувачка на човечки клетки, земени од бубрезите на неродените фетуси, како подобрувачи на вкусот.

Потоа, една од причините зошто ја одбравме Нестле се и безбројните експерименти кои ги спроведуваат врз животните, особено за производство на нивниот производ NESTEA. Тие користат лабораториски животни за ефектите од чајот да бидат научно потврдени. На овој начин, тие спроведуваат многу експерименти врз животни, кои потоа ги убиваат. Во еден од овие експерименти, тие инјектираат токсични хемикалии во телата на лабораториските животни, за да ги растворат клетките кои произведуваат инсулин, предизвикувајќи дијабетес. Потоа, принудно ги хранат со состојки од чајот и ги документираат ефектите пред да ги убијат.

Во друг експеримент, тие предизвикуваат мозочни оштетувања кај лабораториските животни. Потоа, принудно ги хранат со состојки од зелен чај за да ги документираат ефектите. За да им ја олеснат работата на научниците, ги стимулираат лабораториските животни со електрошокови, додека ги сместуваат во темни кафези. Убиваат и измачуваат на многу начини и сето тоа го прават за да потврдат дека производот NESTEA е корисен за здравјето на потрошувачите. Толку многу души страдаат за потрошувачот да биде убеден дека производот има корисни ефекти. Зад овие експерименти стојат болни луѓе, наречени научници. Единственото што го заслужуваат е куршум меѓу очите.

Но, како што рековме, ние не сакаме да ја имаме улогата на набљудувачи на морбидноста на научните умови и стратегиите на овие мултинационални компании. Нашата цел е саботажа и деструкција по секоја цена, за целосно ослободување. Ги кршиме стереотипите. Да се биде активно вклучен и да се нападнат компаниите, кои ја експлоатираат природата и околината, не е мода. Ние не сме „чувствителни“ поединци кои го негираат насилството, како хипиците и пацифистичките заштитници на околината. Не ни се допаѓаат таквите пасивни поединци. Насилството е интегрален дел од нашиот живот, деструкцијата не е само револуционерна акција. Бунтот преку насилството е зголемување на задоволството во нашиот живот. Ние сме дел од новата анархистичка струја на мисла и дела.

Ја користиме имагинацијата за да му создадеме кошмари на ова цивилизирано, убиствено општество. Не бараме јавна поддршка за нашите дела. Се разбира, општеството како целина никогаш нема некритички да биде наша цел, тоа досега беше разјаснето во пишувањата на многу од нашите ќелии во светот и нашите другари од FAI (Неформалната анархистичка федерација) и CCF (Заговор на огнените ќелии), кои се затворени низ целиот свет.

4. Проектот “GREEN NEMESIS”

Оваа акција го одбелужува почетокот на еден нов проект на неформалните групи на афинитет на ќелиите на FAI, под името “GREEN NEMESIS”. Ги повикуваме другарите и ќелиите за директна акција од целиот свет да се вклучат и координираат, со цел да им се одмаздиме и да ги саботираме компаниите и поединците кои со своето делување ја експлоатираат околината, дивиот свет и природата. Сите средства се добредојдени.

За нас, најдобрата тактика е да се нападне со боја, оган и бомби по фабриките, електраните и генетските лаборатории. Да се саботира непречената циркулација на добра која ја создава диктатурата на мултинационалните компании-убијци и нашите куршуми да се трошат на нивните директори.

Со проектот “GREEN NEMESIS” го одбележуваме почетокот на дијалогот на практика за перспективата на новата анархија и антицивилизациската тензија. Критични сме кон идеолошката кочница на почит кон човечкиот живот (дури и оној на нашите непријатели) која ја поседуваат одредени ќелии на ALF, сѐ со цел да ја укинеме. За нас, нашите напади не би требало да се ограничени на уништување на градежната инфраструктура. Оние кои ги трујат животните би требало да бидат егзекутирани на ист начин. Треба да ги нахраниме со нивниот отров. Сѐ на сѐ, важно е да не го запоставиме таргетирањето на физичкото постоење на институциите (директорите, научниците, правните советници итн.) Оттаму, проектот “GREEN NEMESIS” е момент на поврзување помеѓу паралелните патишта на борбата. Тоа е точка на среќавање на анархонихилистите и антицивилизациските екоанархисти.

Настрана од романтичните идеали и барања за еколошки права, новата анархистичка герила е уметноста на потенцијалното.

Затоа што војната против експлоатирањето на природата не значи пасивен бојкот преку алтернативен конзумеризам. Ниту пак вегетаријанска исхрана заради здравствени причини или заради лицемерната чувствителност кон убивањето животни. Таа значи напад и уништување на секоја компанија која ја уништува земјата, луѓето, животните и природата.

Еколошката свест е замаскирана лага кога ќе се одвои од новата анархистичка урбана герила.

FAI (Неформалната анархистичка федерација) отвора нова перспектива, поканувајќи другари од антицивилизациската тензија и ќелиите на директна акција на ELF и ALF да изведат општа меѓународна одмазда и да ги нападнат оние кои ги убиваат нашите животи. Преку меѓународната соработка и координација на FAI, невидливо се движиме низ техноиндустриските метрополи и стануваме сѐ поопасни…

Секоја акција, која ќе биде дел од “GREEN NEMESIS”, ќе биде уште еден придонес кон разговорот кој го започнавме. Разговор за создавање антицивилизациска тензија внатре круговите на FAI и Црната интернационала на анархисти од практика.

Ова е само почеток…

Сѐ до ослободувањето на сите нас…

Оваа акција ја посветуваме на сите ќелии на FAI и CCF од целиот свет. Нашата акција истовремено е одговор на повикот за меѓународна солидарност за другарите Моника Кабаљеро (Monica Caballero) и Франциско Солар (Francisco Solar). Кои се затворени како заложници во Шпанија под обвинение за бомбашки напади.

Нашата солидарност ја испраќаме на другарите Марко Камениш (Marco Camenisch) и Габриел Помбо да Силва (Gabriel Pombo da Silva) и на сите анархистички затвореници во Јужна Америка.

Солидарност за Марио Гонзалес (Mario Gonzales), кој штрајкува со глад и е затворен во Мексико.

За крај, во Грција ги поздравуваме десетте членови на Заговор на Огнените ќелии, другарот Андреас Чавдаридис, кој е член на FAI и другарот Спирос Мандилас, кој е обвинет за истиот случај.

Другари, не сте сами. Сонцето ќе продолжи да изгрева…

Ништо не е готово, сѐ започнува сега…

Да живее новата анархија

Сѐ до конечното ослободување

FAI/IRF Неформална анархистичка федерација/Меѓународен револуционерен фронт ќелија Никола и Алфредо